Откако ја имам колата (Golf V, 1,6 бензинец), веќе 5 години, редовно ја сервисирам во овластениот сервис на VW во Куманово (Де Лукс) и приметив благо покачување на цените на деловите за разлика од 2015 година кога правев редовен сервис, еве за илустрација (старите цени од 2015 г се во заграда):
Масло Castrol Magnatec 5 l = 3150 ден;
Филтер за масло = 630 (526);
Филтер за воздух = 1400 ден (1200 ден);
Филтер за полен = 909 ден (774);
Филтер за гориво = 1900 ден (и ова беше поевтино пред некоја година, не се сеќавам точно);
Штопна со подлошка = 162 (81).
Работна рака за се ова = 830 ден или се вкупно = 8946 денари
Дали знаете некој добар сервисер што одржува VW возила, во Скопје или Куманово, малку ја претераа со цените