Обожавам да возам на долги релации. Сознанието дека сум во некоја вукојебина и дека има уште стотици километри до првата цивилизација ми годи. Не знам зашто.
Често се случувало во петок/сабота навечер, наместо парите да ги остаам у кафана со другарите, да ги потрошам на бензинска и патарина и безвезе да возам до градско, маврово, паланка... онака, без посебна причина. За жал, Македонија е мала земја, па така најдолгата можна релација и не е многу долга.
Си зацртав за цел во следните неколку години да пројдам барем една екстремна оверлендерска тура. До сега најдолгата ми е 8800 км за 14 дена. Шемата е да нема возење повеќе од 8 саата на ден, т.е. повеќе од 500-600 километри. Стануваш сабајле порано (околу 7), доручкуваш и тераш едно работно време позади волан. Веќе во 4-5 поручек си стигнат таму кај што мислиш да спиеш, се тушираш, прошетуваш пропешачуваш јадеш ово-оно неколку саата и си легнуваш порано. Доколку не се вози повеќе од 8 саата на ден можат да се поминат арбитрарно долги релации.
Еве што е до сега пројдено како бесцелно возење ради возење, без седење повеќе од ден-два во ниту едно место:
Eкс-ју: 6 дена возење, 3300 км

Скопје - Анталија - Анкара, 8 дена, 4200 км

Југозападна европа и алпските превои, 14 дена, 8800 км:

За догодина планираме една мала прошетка околу црно море, да го видиме најпознатото руско летувалиште сочи. 5700 км, не повеќе од 10 дена.

* * * *
Знам дека овие патувања горе не се бог-знае што, ама следните три ќе ви се бендисаат.
Првото е планирано за две или три години од сега, од скопје до нордкап (најсеверната точка во европа) со се скандинавија, лапонија и прибалтичките вукојебини. 11.000 км, планирани околу три недели.

Второто е класика - уса коуст ту коуст со се најпознатите национални паркови. Тоа ќе го биде за едно 5 години, да сме живи и здрави. Рентање кола не е нешто многу скапо во уса, а горивото е многу поевтино него кај нас. 12.000 км, околу 3 недели.

Е, третото е мадафака - надолгата можна трансконтинентална рута, од европа до владивосток. 22000 км, планирани околу 40 дена. Ова више требаше да биде сработено!!! во 2009, али педерчето од другар кој требаше да биде совозач и кој на зборови беше ептен јако возачиште во последен момент уцвика. Дур да најдам друг совозач, дојдоа некои гужви на работа, па некои непланирани трошоци, па уште едно дете, и на крај курац - ништо не бидна. За ова сум спремен што се вика и утре ако треба да тргнам, само да најдам некој шофер кој не е само на зборови јак. Ај, ваљда за 5-6 години од сега ќе имаме шанса да му го пробаме на путин новиот транссибирски автопат и да јадеме ракчиња некаде на брегот на јапонското море. За ова ќе барам спонзори и би го возел со најобична кола.
