Интересното е што воопшто постојат луѓе кои спаѓаат во овие категории, за разлика од некои држави во кои сите се во таа првата категорија на пример. Тоа е една работа, а другата работа е што куповната моќ во наведените држави е многу-многу поголема од колку други држави.
Како да се обидам да дообјаснам некако едноставно. Еве ајде вака да ти образложам накратко, доколку примањата (после данок) се поголеми за 10 пати, а цената на чинење прозиводите кои се купуваат е 5 пати поголема, тогаш твојата куповна моќ е двојно поголема. Тоа значи дека доколку во една држава имаш примања од 500долари, а трошок од 400 долари месечно, ти остануваат 100долари за трошење на одмор во Куба. Во друга држава ако имаш примања кои се 10 пати поголеми (5000 долари), а трошоците се 5 пати поголеми (400*5=2000), но за уште подобар пример ќе земеме дека и трошоците се исто зголемени 10 пати (!!! невозможна бројка) тоа е 4000 долари. Значи остануваат 1000 долари месечно за одморот во Куба.
Се надевам, малку од малку појаснив што е куповна моќ.
Ајде и еден најпрост пример:
500 долари плата, 200долари кирија, 200долари храна -шест месеци за ајфон/лаптоп/одмор.
1000 долари плата, 400долари кирија, 400долари храна - три месеци за ајфон/лаптоп/одмор.
5000 долари плата, 2000долари кирија, 2000долари храна - 2 ајфони/лаптопи/одмори месечно.
Сите овие се средна класа во својата дражва.
Ако ја доловиме и реалната слика наместо хипотетичка, ќе дојде:
500 долари плата, 200долари сметки, 200 долари храна - 100 долари џепарлак месечно.
Односно соодветно:
5000 долари плата, 1200долари сметки, 1200 долари храна, 1100долари штедење за иднина, - 1500 долари џепарлак.
Појасно здравје.