Како и секоја приказна, така и оваа има две страни. Овде се раскжува само од страна на вработен.
На муабет нормално дека сите се најдобри, највредни, најпосветени, а во реалноста најчесто гледаат ако може да ескивираат, да поминат 8те часа работни така, да се направи некоја пауза плус итн. Нормално, не генерализирам, има и исклучоци и секоја им чест.
Истовремено, газдата е тој што треба да обезбеди работа, да даде плата на 20-30-50-100 луѓе, да плати сметки, рати, казни, рекет, а притоа вложил голем капитал и време за да тој бизнис успее и храни 20-30-50-100 фамилии. Нормално, тука не мислам на партиски фирмички со искомплексирани газди чиј рок на траење е краток, туку фирми кои постепено и со труд стигнале до некое ниво.
Е сега, нормално дека има и никакви газди, робовладетели, кои ќе гледаат да го исцедат вработениот максимално, а да го платат минимално, но сметам дека ваквите се поретки кај здравите фирми.
Секаде и секогаш се потенцираат права на вработени, а никаде не се спомнуваат обврски и морал на вработени, кои реално ги нема никаде.
И за крај, секој има можност да биде газда, регистрирање фирма е речиси бесплатно, нека вложи капитал, време, нерви и се што треба, па слободно може да биде "газда". Само на тој начин може да ја види и другата страна од приказната и колку лесно се стига до некаде, посебно во државичка како нашата каде се е црвено или сино.