Автомобили > Генерално за Автомобилите

Квалитетот на VW.

<< < (10/509) > >>

Banzai:
Ма какво мислење на крајни корисници, каков зголемен квалитет. Ова се однесува на сите производители со масовна продукција. Колите порано и сега немаат врска со издржливост и нерасипливост.

А според логиката за заеднички делови, подвозје и слично VW треба да се најефтини, Хонда на пример многу поскапи. Не ќе да е така во пракса, така да врска нема да крајниот корисник нешто добива, освен ако му се расипе после гаранција па ќе може од Шкода или Ауди дел да бара :)

Z128:
@ikeyaro: Не би рекол дека комплицираноста ќе ги направи понеквалитетни, туку големосериското произвоЦтво. Што и да правиш/ произведуваш, потешко и поскапо е да ја задржиш контролата и квалитетот на високо ниво, без разлика колку е едноставо или комплицирано.
А впрочем и статистиката не е на страна на VAG, туку на страната на косооките, кога збориме за квалитет.
Но за многу луѓе секогаш постои она ... something unquantifiable ... што ќе ги натера да купат VAG, и покрај статистиката. Еднаш коментирав за Корола: никогаш нема да се расипе, ама ќејфот никогаш нема да го осетиш со таа кола.

yarre:
Све што ке напраат германциве мора да е светско, дал је кола дал је рат :)

marsher:
Со ратовиве, повеќе им иде... ;D

Tischläufer:

--- Цитат: Deni на 20 Септември 2012, 14:16:39 pm ---А со користење на заеднички делови како следното подвозје и цената ќе е поконкутентна. Со што директно добиваат крајните корисници.

--- Крај на цитатот ---

Цената нема да е поконкурентна туку профитната маргина на VАG ќе е повисока. А крајните корисници нема да добијат пониска цена зошто овие цената ја држат стабилно високо. Значи VAG ќе стане најголем заради себе а не заради корисниците.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија