Да го споделам моето искуство со афтермаркет. Имам работено во наша компанија што произведуваше ОЕМ и афтермаркет. ОЕМ деловите беа перфектни, во секој детал, дури и површината им беше огледало - без ниту една гребнатинка, сите дијаграми од тестовите перфектни. Афтермаркет деловите беа друга приказна, визуелно не се замерува, функционално треба да задоволуваат, секако според пазарот.
А цената беше чудна: ОЕМ најефтини, следно Германија и Јужна Африка, па Турција и Полска, па потоа....балкански пазар.
Од тоа што го имам видено, единствено делови кои одат за фабричките сервиси се со топ квалитет..