Може и имам пишувано веќе на форумов.
Пред едно десетина години во Ресен, баш на раскрсницава:
Јас доаѓам од правец - на сликава кај што е велосипедистот и вртам лево надолу, кон белото комбе.
Мајка со детенце од едно 3-4 години се движат на тротоарот кај дворот на црквата (кај исфарбаните дрвја).
Како што вртам лево и влегувам веќе во кривината - го гледам како и се пушта на мајката од рака и трча кон спротивната страна на улицата (кај што стои жената). Ни двајцата не стоеја да чекаат да преминат, немаше ниту пешачки. Како некој од другата страна да го повика со грст подароци.
Тргнувам и по некоја секунда го гледам како стапнува на улицата, а не возев ни брзо, бев подзастанат дури, има знак за улица со предност на движење.
Во мозокот мислам дека ми поминаа 15 различни сценарија и мене ми траеше како десетина секунди, а реално дали беше 2-3. Закочив на 20cm од него. Мајката се стрча кон него и зема да го тепа, се преплаши и таа, па потоа се извинуваше. Мислам дека ми требаа 20-тина минути да си дојдам на себе. Језиво чувство кога непринуден ќе се најде човек во слична ситуација.