Денес околу 10 часот на овој фамозен булевар Борис Трајковски во потег меѓу ПСС и ресторан Градина, возиме со колегава, пред нас автобус застанува на автобуска, а лева лента слободна.
Колегава се пребацува во левата лента за да го помине автобусов, а од спротива колона возила.
Само што се префрливме, од спротивна лента дебил со ауди а3 мислам како стандардните дебили ја престигнува цела колона преку две полни во нашата лева лента.
Среќа одма го приметивме истовремено и јас и колегава и среќа што сеуште го немавме одминато автобусот и успеавме да закочиме и да се вратиме во наша десна лента.
Страшно е по тој булевар.
Да има некој со камион да им излезе да ги изблиндира малце, после со 20 ќе поминуваат на семафори.
Не поминуваат со 20, и после толку сообраќајки на овој булевар најчесто предизвикани од тоа поминување преку две полни и непочитување на семафорите, ете денес повторно ист таков си цепа со таква вожња.