не знам дали има некој друг заинтересиран за вакви игри, па за секој случај да ја пофалам симулацијава.
нека не ве залажува чизи музиката, IL2 е еден од најреалистичните симулатори на летање во последниве 10 години, а суперреалистичната борба е само бонус. Ова е неговата трета генерација. Најреалистичен не во смисла фотореалистична графика „абе исто ко вистински“, туку реалистичен во смисла бара барем грубо да знаеш како се лета со вистински авион. Нема лесен „аркаден“ мод. Пилоти-ветерани кои летале со стари авиони ја пробувале со фенси џојстик и педаљи и рекле „да, тоа е тоа“
Двајцата главни автори и плус голем дел од развојниот тим на игрицава се руси.