Продажбата на нови автомобили во ЕУ опадна за 7,1 отсто од почетокот на годината, соопшти Асоцијацијата на европските автомобилски производители.
Во јули, се регистрирани 935.368 нови автомобили, што е намалување за 7,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Пад на продажбата на нови автомобили ги погоди сите пазари освен англискиот, која доживеа раст од 9,3 проценти, додека продажбата во Германија се намали за пет отсто, 17,2 отсто помалку автомобили биле продадени во Шпанија и 21 отсто во Италија.Францускиот пазар забележа пад од 0,7 отсто од истиот период минатата година.
А во август се регистрирани послаба побарувачка за нови автомобили. Во споредба со истиот период минатата година продажбата се намали за 8,9 проценти.
Германската компанија „Фолксваген" има продадено 2,8 проценти повеќе автомобили отколку во јуни минатата година, додека во компанијата „Дајмлер" продажбата падна за 5,7 проценти, а компанијата BMW 0,6 отсто.
Француските производители на автомобили PSA „Пежо Цитроен" продале 8,6 отсто помалку автомобили, „Рено"за 3,8 отсто, додека италијанската „Фиат" забележа пад на продажбата од 18 отсто.
Американската компанија „Џенерал моторс" – „Опел", „Шевролет" ја намалиле продажбата за 8,8 отсто, а компанијата "Форд"за 18,5 отсто.
Од друга страна, јапонските автомобили се продаваат добро во Европа. Компанијата „Тојота" ја зголеми продажбата на нови автомобили за 19,8 проценти, а „Хонда"за 23,2 отсто.
Корејската компанијата „Киа" ја зголеми продажбата за 23,3 отсто,додека Хундаи за 22,4 проценти.
http://www.plusinfo.mk/vest/57502/Evropjanite-ne-kupuvaat-novi-avtomobili-----------------------------------------------------------
neka izmisliat uste nekoja kriza, neka ja kacat cenata na gorivoto uste malku, pa komotno mozat da zatvorat fabrikite