Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1244887 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Одг: Велосипед
« Одговори #4035 на: 20 Февруари 2017, 18:34:24 pm »
Земав Трекче пред некој ден, за низ град е песна. Со оглед на тоа колку сообраќај има низ Скопје, точак е одлична алтернатива.


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9578
Одг: Велосипед
« Одговори #4036 на: 20 Февруари 2017, 20:16:57 pm »
Пази кај го оставаш убаво точаче, има многу лопови низ скопје

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6708
Одг: Велосипед
« Одговори #4037 на: 21 Февруари 2017, 07:10:08 am »
Цитат
Имаш среќа што се со сајли кочниците, да беа хидраулични ќе се отепаше пари давајќи за преместување Зеленко

Иначе другар намерно така си ги мести кочниците, среќа си створив навика дека двете кочници исто се користат па не се убив, ама чудно ми дојде Зеленко
Ќе заборавев, значи кочниците дека механички се прилично гласни и од нови само шкрипат кога кочиш поготово кога кочиш по малку. Пробав да ги штелувам ама не иде некако работава. Ако знае некој поделете совети како да не шкрипи ептен иритира звукот.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4038 на: 21 Февруари 2017, 08:24:45 am »
volenos, пушти ми ПП да го видам!

Не знам колку си висок, ако си за XL точак еве ја вистинската понуда:

http://www.2bike.rs/cikloberza/mali-oglasi/bicikli-6/drumski-trkacki-8/stevens-vapor-ultegra-st-6700#.WKsKztIrLIU

Фала Мартин, али преголемо е ова за мене, јас скоро сум 1,85 отприлика ова е ту мач. Имам возено еднаш пола година поголем бајк од моите пропорции, душа ми излезе со грбов.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4039 на: 21 Февруари 2017, 08:26:05 am »
Есента си земав FUJI ABSOLUTE 1.7 DISC имаше доста есенски попусти од https://www.evanscycles.com и ме фати 390 евра точакот + 60 за испорака вкупно 450 што мислам дека е ОК цена. Рамот е големина М.

Дел од спецификациите
FRONT DERAILLEUR   Shimano Altus
REAR DERAILLEUR   Shimano Alivio, 9-speed
SHIFTERS   Shimano EF65, EZ Fire, 9-speed
CASSETTE   Shimano Acera, 11-32T, 9-speed
WEIGHT, KG/LBS   12.24 kg / 26.93 lbs
Fuji A2-SL custom butted alloy w/ 1-1/8" semi-integrated threadless headtube, internal shift cable routing

Од тогаш ради времево го имам возено не повеќе од 5-6 пати али сум презадоволен од удобност и брзина. За парите си вреди. Овие од вебстранава дека се Британци го монтирале точакот така што десната кочница уствари е напред а левата позади како на мотор. Првиот пат ќе се утепав  :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Царина нешто ова она ? Данок ?
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1170
Одг: Велосипед
« Одговори #4040 на: 21 Февруари 2017, 09:13:09 am »
Цитат: vlatko.klp
Ќе заборавев, значи кочниците дека механички се прилично гласни и од нови само шкрипат кога кочиш поготово кога кочиш по малку. Пробав да ги штелувам ама не иде некако работава. Ако знае некој поделете совети како да не шкрипи ептен иритира звукот.

Подмачкај ги со уље ? :) :) :)

Веројатно имаш метални пакни. Моја препорака е да ги смениш пакните и да земеш органски.Побрзо се трошат органските, посебно во влажни услови ама не шкрипат.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #4041 на: 21 Февруари 2017, 09:14:21 am »
Цитат
Имаш среќа што се со сајли кочниците, да беа хидраулични ќе се отепаше пари давајќи за преместување Зеленко

Иначе другар намерно така си ги мести кочниците, среќа си створив навика дека двете кочници исто се користат па не се убив, ама чудно ми дојде Зеленко
Ќе заборавев, значи кочниците дека механички се прилично гласни и од нови само шкрипат кога кочиш поготово кога кочиш по малку. Пробав да ги штелувам ама не иде некако работава. Ако знае некој поделете совети како да не шкрипи ептен иритира звукот.

Пробај да ги изгориш убаво пакните.
Најди некоја убава удолница. Залетај го и кочи цело време. Само да не ти лизга тркалото, да не го блокираш со кочење.
Би требало да ги изгориш после 3-4 убави кочења.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6708
Одг: Велосипед
« Одговори #4042 на: 22 Февруари 2017, 07:45:32 am »
Цитат
Царина нешто ова она ? Данок ?
Не не, живеам надвор од државава така да не се замарам со даноци и царини  :D

Цитат
Подмачкај ги со уље ? Смешко Смешко Смешко

Веројатно имаш метални пакни. Моја препорака е да ги смениш пакните и да земеш органски.Побрзо се трошат органските, посебно во влажни услови ама не шкрипат.
Мислам моиве кочници се тектро новела што вероватно 99.9% идат со Metal Ceramic Compound Brake Pads бар така вика интернетов.

Цитат
Пробај да ги изгориш убаво пакните.
Најди некоја убава удолница. Залетај го и кочи цело време. Само да не ти лизга тркалото, да не го блокираш со кочење.
Би требало да ги изгориш после 3-4 убави кочења.
Проблемот е што живеам во држава каде што "највисоката планина" e 312 метри па иди најди удолница да те видам  :D ... имам пробано неколку пати од мост на удолница ама не е тоа тоа, треба пострмно и подолга должина за да кочам цело време.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4043 на: 22 Февруари 2017, 08:18:37 am »
Добро бе сите ли на форумов надвор од државава живеат :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #4044 на: 22 Февруари 2017, 09:38:15 am »
Истите луѓе ги читаш.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Велосипед
« Одговори #4045 на: 22 Февруари 2017, 09:53:50 am »
земав еден Каприоло за 50 евра лани, викендов го напумпав и пробав кочници, мењачи, ок си тера само треба подмачкување
за околу наоколу ќе ми брка работа

него сакам да му свирнам шмирглата пошто страшно ме нервираат налепници, а на овој му се под лак
крупна па ситна така?
што да му ставам пред да го прснам со боја?
после бојата да го прелакирам или нема потреба?


Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #4046 на: 22 Февруари 2017, 10:17:42 am »
Имаш среќа што се со сајли кочниците, да беа хидраулични ќе се отепаше пари давајќи за преместување ;D
На Avid се двострани повеќето ако не и сите
Лоши се комбото на шифтер со рачка за кочница. И шифтер треба да менуваш ако сакаш апгрејд

Цитат: vlatko.klp
Ќе заборавев, значи кочниците дека механички се прилично гласни и од нови само шкрипат кога кочиш поготово кога кочиш по малку. Пробав да ги штелувам ама не иде некако работава. Ако знае некој поделете совети како да не шкрипи ептен иритира звукот.
Веројатно имаш метални пакни. Моја препорака е да ги смениш пакните и да земеш органски.Побрзо се трошат органските, посебно во влажни услови ама не шкрипат.
+1
Само органски, со силно кочење не верувам дека ќе направиш нешто


Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Велосипед
« Одговори #4047 на: 25 Февруари 2017, 11:53:26 am »
Имаат Thule негдека продавница во Скопје? Сите телефони што ги најдов на нет не постојат
Или па дајте предлог каде да најдам носач за на петта врата

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1170
Одг: Велосипед
« Одговори #4048 на: 25 Февруари 2017, 12:10:08 pm »
Имаат Thule негдека продавница во Скопје? Сите телефони што ги најдов на нет не постојат
Или па дајте предлог каде да најдам носач за на петта врата
До палма слаткарница се на партизанска. Еве ти бројче 023064558.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Велосипед
« Одговори #4049 на: 25 Февруари 2017, 12:43:51 pm »
Имаат Thule негдека продавница во Скопје? Сите телефони што ги најдов на нет не постојат
Или па дајте предлог каде да најдам носач за на петта врата

Овие од 3-4000 ке завршат работа ? Незнам што толку им ставиле цена по 7-8000. Комплет за 2 велосипеда ке излезе 15к. QQ

Да го пингам @MartinAlfista, може ќе прочита, он ми кажа за ликов на ФБ.

Прва опција секако мора да биде овластен сервис - за кровните носачи (шипките). Ако не ти се допаѓа цената, трк во Еуростил, ќе си најдат они што ти одговара.

За држачите за велосипеди не спомнувај во Еуростил, ќе пробаат да ти тупнат и такви во комплет. Јас топло го препорачувам Дејан Радевски, носи од некаде висока класа на држачи и ги шитка по поволни цени. Земале многу луѓе од него, презадоволни се бидејќи држачите не се раскантани, кршени и слично, туку се здрави прави читави и најчесто одлично сочувани. :)

Контактирај го човекот што сум го линкал во цитатот погоре, и помини поефтино. Имаше некочку Thule за 5та врата до пред некое време, верувам уште има.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀