Постојат многу луѓе кои повеќе преферираат синтелонски, текстилни или теписонски патосници од гумени, што си е во ред секој си има свој вкус...
Меѓутоа, предноста и ефикасноста на гумените патосници е далеку поголема од оние теписонските...
Прво би сакал да објаснам зошто е тоа така...
Според нашето искуство и истражувањето кое е направено пред да го доби САМАД-АС застапништвото од ГЛЕДРИНГ, ни покажа дека големиот избор на кинески, турски, патосници од Дубаи итн. е најголемата причина поради која луѓето ги исфрлија од употреба гумените патосници... Таквиот избор, на неквалитетна, рециклирана, смрдлива гума го доведе до ситуација купувачот да купува теписонска патосници која не само што не може да го заштити возилото од сите нечистотии кои се створаат со тек на време, туку и создаваат непријатен мирис кој не може никогаш да исчезне од вашето возило...
Улогата на патосницата е да го заштити оргиналниот теписон кој стои над каросеријата, да го заштити од нечистотии, вода, кал, снег... Теписонската патосници никогаш не може да го постигне овој ефект, бидејќи и самата, како и оргиналниот теписон, многу лесно собира нечистотии и впива вода, со што е претешко да се одржува чистотијата во самото возило...
Теписонската патосница по чистење тешко се суши, но никогаш не можете да го одстраните непријатниот мирис кој по некое време преминува и на оргиналниот теписон од возилото.
Сите овие факти, кои ги наведов, се дел од истражувањето кое го споменав, и поради тоа се одлучивме да го донесеме брендод ГЛЕДРИНГ во Македонија, за да им понудиме на нашите купувачи, еден производ кој со сигурност ќе ги задоволи критериумите на заштита на подот од вашиот автомобил, производ кој е со ЕУ квалитет и произведен со точно определени критериуми, одобрен од најголемите светски производители на автомобили.
Гумената патосница од ГЛЕДРИНГ е вистинскиот избор за комплетна заштита на автомобилот, со модерен дизајн и висок квалитет!!!