Полека малку, не се летај, само што дојде...
Малку погоре имам напишано пост за потрошња после извозено 4348 км и комбинираната просечна потрошња од 5.81 (замисли под 6 е

). Тенкот е Инсигнија караван, што е преку 1700 кг тешка, без патници и товар у нејзе, што ќе рече, не е баш Веспа.
Успут еве, да споделам една приказна у два дела:
Пред некои 8 години, со мојот тогашен уредник, се нафативме на 2 предизвика за економични вожњи низ Македонија (лоши патишта, угорници, удолници, гужви, патарини на секој чекор, тргни-застани итн итн...).
1ва вожња: Honda Accord 2.0 156 HP & Honda Jazz 1.4 90 HP (бензинци, на никаков начин не модифицирани т.е. како од фабрика)
- етапи - Скопје - Св. Наум и назад, Скопје - Дојран и назад, Скопје - Кр. Паланка и назад.
- резултат - поминати 1013 км со потрошени просечни
5.07 л/100 км за Акордот и
4.14 л/100 км за Џезот.
2ра вожња: Peugeot 207 1.4 HDi 70 HP (малолитражно дизелче, исто како од фабрика излезено, без модификации)
- етапи - исто како Хондите и дополнително уште еднаш една од етапите, ама не ми текнува точно која
- резултат - поминати 1300 и кусур километри со потрошени просечни
3.62 л/100 км гориво. Кога измерија од сервис, рекоа дека има гориво во резерварот за уште некои 100ина км.
У првата вожња остарев некои 10ина години плус од обично. Втората вожња ја тераше само уредникот, и беше млад кога тргна, а видно остарен кога заврши. Јас лично, не би се нафаќал пак на такви „проекти“, освен ако апсолутно не морам, или ако не падне некоја тешка кладба

Без навреда, ама не ти е толку за паѓање у несвест колата и потрошувачката. Издржливоста и вољата се за почит

П.С. Мераклија сум на Волво, така да, немој да мислиш дека имам нешто против нив
