Кога обично правите промена од летни на зимски?
Чекате да залади онака сериозно или може и порано да се променат? Колку фаќа промена и балансирање?
-------------------
Иначе летово првпат се решив да земам бренд гума, и земав Dunlop StreetResponse2, колава дојде со зимски а се брзав за на одмор и немав многу време за читање ривјуа, па се решив на D. BluResponse ама ги немаа на лагер, па ми ги понудија овие као нова гума, ама шарата е слична ако не и иста со претходниве и така... опција беа и Мишелин и Конти, ама овие беа некои 2-3 илјадарки поевтини, а ознаките горе-долу исти.. и така.
На суво ок терат, еднаш приметив занесвање накај 150km/h, ама можно и да беше ради бочен ветар на тоа место (?).
Ама на влажно (иако се маркирани како Б оцена) ич не сум задоволен, колава занесува дури на 60-70 на саат. Димензиите се 195/65/15. На овие димензии не сум возел друго за да споредам, ама на помали тркала од претходната кола, мислам 14ки беа, сум возел Тигар, БФГудрич и сл. и држеле фино на мокро до кај 90-100ка. Така да, некако слабо „брендов“.