Дечки татко ми размислува за нови целосезонски гуми, се работи за Цитроен Ц3, колата се вози 80% градска, останато подолги релации, во димензија 175/65/14, пензионерско возење, ова се гледа моментално:
- LAUFENN G FIT 4S - 3150 ден
- Sava ALL WEATHER - 3440 ден
- LEAO Igreen All Season - 2500 ден
- БАРУМ QUARTARIS 5 - 3000 ден (оутлет 2024)
Што мислите за овие или некој друг предлог?
Благодарам за споделените совети, земени LAUFENN G FIT 4S. Благодарам и на
@shelby за сугестијата да се земат преку Екупи, зошто да не се заштедат 600 денари, таман гратис нови вентили. Вчера беше креиран налогот преку Екупи, денеска испорачани во Куманово, за пофалба.
Инаку, за дедо ми на Корсата во димензија 195/55/16 (малку забегана димензија во поглед на цени) земен и монтиран сет целосезонски Линг Лонг 4S Sport Master кај Клинчар во Неготино, за плаќање во готово на рака мислам дека доби бесплатна монтажа и балансирање.
Ете, цела фамилија на целосезонски, таман да направиме споредба, моите BF Goodrich, на татко ми LAUFENN G FIT 4S и на дедо ми Линг Лонг 4S Sport Master
