Mozes da se smees do kolku sakas do besvest ,deckoto za tebe go ima pronajdeno trkaloto.
Ако таа цитирната изјава е негова, тогаш дечкото нема основни познавања од физика.
Lugeto koi se soglasuvaat so ova mislenje pravat avtomobili od nisto.Znaci "2 fast 4 u" mnozi go so 2 prosta matematika za tebe da ne bide busava.
Ако некој има работилница и е вешт во сечење и заварување на метали и има пари да си дозволи да прави експерименти, тоа никако не значи дека има големи познавања од физика и дека се што ќе изјави во врска со автомобилите треба да се земе здраво за готово.
Така да смири ја топката и наместо да влегуваш во безцелни расправии со луѓето, пробај докажи дека човекот кој го цитираш знае што зборува.
Прво мислам дека човекот не се изразил правилно, т.е. дека нема некои основни познавања од физика затоа што меша вртежен момент со сила. Понатаму, и тоа што сакал да го каже мислам дека ти не си го сватил или не си го разбрал(превел на нашки) правилно...Спомнуваш килограми на осовина, а човекот мисли на нешто друго за кое погрешно се изразил.
Второ тоа што го изјавил е паушална изјава за која во моментов не можам да тврдам колку може да биде точна или неточна за
некој конкретен случај. Но дури и да е точна за тој конкретен случај за сите останати случаи ќе биде различна.
Да орбразложиме што сакал да каже со цитатов:
tezina felne je mnogo bitna..
1kg na felni skinut 10kg ispadne u globalu, zbog centrifugalne sile koja je jako bitna, mnogo mu je lakshe da okrene felnu od 4-5 kg nego felnu od 8-10kg
samim tim imace dosta bolje ubrzanje...
Сакал да каже дека ако ја намалиш тежината на тркалото за 1 килограм тоа би му дошло како да ја намалиш тежината на возилото за 10 килограми. Како што кажав тоа е паушална изјава затоа што центрифугалните сили кои ги спомнува односно интертниот момен кој се спротиставува на оската од тркалото зависи од самиот дизајн на тркалото без разлика колку тоа тежи.
Математичкиот модел е лесно да се даде, но практично е неизводлиов да се пресмета. Тоа е двоен интеграл, каде се собираат парцијалните моменти кои се јавуваат за секоја оддалееченост од осовината на тркалото и секој агол за таа оддалеченост. Односно, секој парцијален момент зависи од силите на земјина тежина кои делуваат во точката во која се интегрира помножени со оддалеченоста од осовината помножени со косинус од аголот кој таа точка го формира со центарот на кружницата и дното (допирната точка на тркалото со тлото).
Знам дека не сме на форум за математика и физика(инаку ќе пишев само формула и се ќе беше јасно), но ова го кажав за да можат оние кои не се многу потковани со математика и физика да сватат колку паушално е кажана таа бројка од авторот кој го цитираме. Најубаво тоа би се докажало на динамометар (мериш со челични фелни, па ставаш алуминиумски со исти гуми и пак мериш).
Понатаму, во однос на акселерација, ако земеме дека тоа што авторот го изјавил е точно за некој случај, тогаш во тој случај тежината на фелната ќе игра улога само при многу мали брзини, т.е. до 40-50km/h и кај лесни возила каков што е Свифтот на Рики. Потоа ќе биде мање-више сеедно колку тежат.
Во секој случај, таа теорија може да држи вода. Баш ќе разгледам со какви инерцијални моменти тркалата се спротиставуваат на осовината.