Пак ќе кажам, гужви има само во периодот кога сите си одат од работа наеднаш и тоа е така во сите градови. Во останатото време од денот е нормална гужвата, а после 18ч да не збориме тотално растеретен е градот. Полицијата да си ја фати работата ко што треба и да ги расчисти колите од пред кафичите на Партизанска и да се среди Пластичарска буквално нема никаков застој да има. Единствен реален проблем е Водњанска и тоа се решава единствено со преместување на Клинички од таму, ама изгледа на никој никогаш нема да му текне тоа.
И треба да се запамти дека сите што се заглавени во гужвата учествуваат во нејзиното создавање, така да треба да се тргне од себе за да се решат проблемите.