Автомобили > Генерално за Автомобилите

Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?

<< < (809/811) > >>

FiLo:
Точно и затоа предлогот твој за ограничување на сообраќајот во моментов уште толку ќе предизвика хаос.
Мора сите тие точки првин да се решат, па на крај да дојдеме до заклучокот дека има функционална болница во Делчево, функционално училиште во Долно Соње, функционален јавен превоз па да дојдеме до забрана за сообраќај.

Ти со решенија почнуваш од кровот, а темелите ти се нестабилни. :)

Tommy:
Изнесување на сите поголеми институции надвор од град ке помогне да продише се низ Центар. Искрено, се надевам дека ова ке почне да станува пракса наскоро низ сите градови.

AUUU:
Па кажаа дека се ќе биде онлајн, еве го Министерство за Политички Систем веќе со години функционира само онлајн, сите потврди се издаваат онлајн, сите врсботени се онлајн, никој не мора да иде на работа, ни гужви ни ништо, многу добро решение.

nikola98:
За вадење на извод (онлајн) на родени, се чека 5 работни дена. А стига меил со пдф формат.
Цели 5 работни дена, за едно документче од 1 лист, со 5/6 ставки, кои теоретски треба одма да се читаат од база на податоци и да се праќаат.

AllMightyMe:
Институциите треба да се дигитализираат, секој полнолетен да има дигитална идентификација, да се отпуштат бар 50% администрација.


Да нека нема коли низ центар ама да не трипаме за Клинички.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија