Автомобили > Генерално за Автомобилите
Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
LosiPatista:
Ја почнувам оваа тема со цел овде да ги пишуваме условите под кои се одвива сообраќајот на патиштата во Македонија.
За почеток, пазете се од тунелите во Македонија, зато што ве очекува ваква глетка:
Ледени сабји ги демнат возачите
Опасност за патниците и за возилата постои на автопатот од Скопје до Велес и обратно поради големи мразулци долги и по половина метар, кои висат по тунелите, реагираат возачите што секојдневно ја минуваат делницата. Тие стравуваат за безбедноста во сообраќајот бидејќи мразулците може лесно да паднат ако се зголемат температурите. Вакви мразулци најмногу има во тунелот кај Катланово кон Скопје и во тунелот кај Башино Село кон Велес.
- Страшна е глетката кога во темнината ќе се здогледаат, бидејќи постои можност секој момент да паднат оти се тешки. Колку е тоа опасно за нас возачите и сопатниците, сите знаеме. Што ли само работи „Македонијапат“ и за кого плаќаме патарина, кога патиштата не се одржуваат - изјавуваат возачите.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=379B8EC2F1168247A62D5EBA1E962AF2
LosiPatista:
АМСМ: Најмногу магла кај Петровец видливоста на 50 м
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно отежнато и забавено поради намалената видливост предизвикана од појавата на магла особено во пониските места, известува Авто мото сојузот на Македонија.
Појава на магла има во околината на Петровец со видливост од 30-50 метри и Куманово со видливост од 100-150 метри. Врнежи од ситен снег има на Стража и Шапка. Коловозите се наместа влажни. Можна е појава на поледица на осојничавите места.
На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење по влажните и лизгави коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно и на патните правци низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.
Внимателно и на патниот правец Куманово – Табановце каде се уште се изведуваат работи на пат. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80473&kategorija=1
LosiPatista:
Маглата и денеска предизвикува проблеми и го отежнува сообраќајот на патиштата низ Македонија. Авто мото сојузот на Македонија известува дека поради појава на магла кај Тетово видливоста е до 20 метри, Штип до 100 метри, Сарамзалино до 100,Неготино до 150, Битола до 100, Прилеп до 100 метри ,Струга до 40 метри,Кичево 200 метри, Делчево до 50 метри,Велес до 30 метри и Кула до 100 метри.
Тутунопроизводителите и денеска ги продолжуваат протестите поради што најавени се нови блокади на патните правци Прилеп – Битола кај местото Тополчани, Прилеп – Македонски Брод после Дебреште кај местото Барбарос и Прилеп – Скопје кај местото Заполошки мост на почетокот на Плетвар од 11 до 21 часот, извествува Авто мото сојузот на Македонија.
Најавена е блокада на клучката Велес, кон Скопје и Штип, како и кај Ново село.
АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината на движење низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата
Од скопскиот аеродром “Александар Велики“ и денеска претпладне најверојатно нема да се реализираат полетувањата и слетувањата поради непостоење на минимални услови за одвивање на авионскиот сообраќај.
Утрово, според информациите што аеродромските власти ги објавуваат на интернет страницата на “Александар Велики“ откажани се летовите на авиокомпаниите “Малев“ и “ЈАТ Ервејс“ кон Будимпешта и Белград. Реализирано е само слетувањето на авионот на “Монтенегро ерлајнс“ од Подгорица.
Синоќа поради влошување на временските услови и драстично намалување на видливоста поради магла затворен за летови беше и охридскиот аеродром “Апостол Павле“ што неколку дена се користеше како алтернатива на скопскиот аеродром.
Од Управата за хидрометеоролошки работи очекуваат маглата да се расчисти во текот на попладнето.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81283&kategorija=1
Deni:
Најдоброто урбанистичко решение за Скопје - Магла.
Имав снимано пред некој ден што се случуваше надвор при возење со магла, ама право време за штелување варови. Точно го гледаш зракот како се простира низ просторот.
LosiPatista:
Дали некој има позитивно искуство со магленки на вакво време? Реално.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија