Ќе ја затворам темава пошто муабетиве се вртат во круг.
Значи..
1. Парк е избран пошто е јавна локација.
2. МФС е супер локација, меѓутоа е во прилично урбана средина. Има згради наоколу и сигурно некој ќе викне полиција па ќе треба да се расправаме. Понатаму, да не правиме муабет дека е паркинг на факултетот кој немаме одобрение да го користиме, и може да си навлечеме проблеми. Дали некој помислил на тоа?
3. Истото важи и за паркингот кај Борис Трајковски.
Во секој случај, еве МФС нека остане како опционална локација. Доколку е потребно, не е воопшто проблем да се префрлиме таму.
@Romeo: Не сум јас водич на никаква мафија, едноставно размислувам малку пообјективно и земам повеќе фактори во предвид.
ВЕ МОЛАМ, муабетов за локацијата нека престане. Секој пат кога нешто дискутираме, се вртиме во круг 20 и кусур страници, за на крај работите да искочат сосема во ред. Пак ќе нагласам дека со добра организација и возачка култура, има повеќе од доволно место.
НАМЕРНО е избрана локација со малку полош асфалт, за да не можат луѓе да дивеат. Кога правевме собир на PSS имаше неколку присатни кои се занесуваа, и на таа гужва дури е чудо што не се деси некоја беља. Истите глупости се случуваа и кога VW Club Macedonia правеа собир кај Борис Трајковски. Јасно е отприлика сега?