Научниците испитуваат дали живееме во „Matrix“
http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/806565/index.htmlЖивееме ли во реален свет или симулација е прашањето кое со векови ги мачело филозофите, а на кое наскоро би можеле да добиеме одговор затоа што научниците нашле начин како да ја тестираат теоријава.
Професорот Силас Бане, теоретски физичар на Универзитетот во Бон, Германија, вели дека со својот научен тим направиле симулации на мали делови на универзитетот, големи еден фемтометар (квадрилионит дел од метарот).
Бане тврди ако нашиот универзум е компјутерска симулација, како оној од филмот „Matrix“, тогаш би морало да постојат некои ограничувања. За да ги утврдат ограничувањата, научниците би требало да направат сопствена симулација на универзумот.
Тимот на Бане користи математички модел како решеткаст пристап за решавање на квантната хромодинамичка теорија на кваркови и глуони честички, за да ја направат својата мала симулација, односно тродимензионалната решетка. Станува збор за комплексен пристап кој утврдува какви односи имаат честичките, како што се кварковите и глуоните, во тродимензионалниот систем.
Со овој пристап, вели Бане, во иднина ќе може да се симулираат се поголеми и поголеми делови, а еден ден можеби и цел универзум.
Научниците наишле на ограничувања уште при правењето на толку малите симулации.
Бане смета дека и „таканаречените симулатори“ на универзумот, ако работат во слични услови и со ограничени ресурси, треба да наидат барем на некој проблем со кои се сретнал тој и неговиот тим.
- Се сметаме за симулатори на универзумот, на некое ниво, затоа што ја пресметавме интеракцијата на честичките, така што го заменивме времето и просторот со решетка. Наидовме на многу проблеми додека го правевме тоа, па така, на пример, поради големината на решетката и квадратите ја прекршивме Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, вели Бане.
Тој тврди дека еден од необорливите ограничувања на симулацијата е таканаречениот Greisen-Zatsepin-Kuzmin limit или GZK, кој ја означува горната граница на енергијата на космичките зраци.
Сепак, Бане уште не може да докаже дека живееме во симулирана реалност затоа што лимитите на енергија за набљудуваните космички зраци кои се наоѓаат универзумот укажуваат на тоа дека ќелиите во решеткастата симулација мора да бидат поголеми од 10 до 12 фемтометри за да може да се воочи грешката. Исто така, ако постојат симулатори на нашиот универзум, не мора да значи дека тоа го прават на ист начин како и Бане.