Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1614068 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Во цел свет владее пандемија но не и во Македонија. Нашиот херој/виртуоз/спасител/заштитник Филипче нема да дозволи злото да допре до овој народ...уште шо не му го испушија на фб...боже ме сачувај.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Деновиве видов многу интересен збор.

Суспектен, суспектни ;D

!!! :D

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6784.11475.html#msg1130446
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
На толку гладни што умираат годишно, сега па и храна ќе фрламе за неколку недели.

Цел јогурт и павлаки ги искупија во веро вчера, сега ми е јасно оти тоалетна купувале.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Во цел свет владее пандемија но не и во Македонија. Нашиот херој/виртуоз/спасител/заштитник Филипче нема да дозволи злото да допре до овој народ...уште шо не му го испушија на фб...боже ме сачувај.

Види..со 19 потврдени случаи , за сега и за среќа сме меѓу најмалку заразените држави.
Независно што во 92% од светски случаи вирусов е прележан, а во 8% смртен најчесто кај луѓе над 70 години со хронични заболувања, да не заборавиме 2 работи:

1.Официјално сме топук народ  и убаво ни е по кафичи и ресторани и покрај сите препораки да се избегнува контакт со луѓе...
2.Неофицијално имаме едвај 150 респираторни апарати за критични случаи.

Добро е што ги затворија рестораните, кафичите, моловите а и границите.
Добро е што го изолираа Дебар и Жупа.
Добро е што новотеститраните лица се покажаа негативни на вирусов.

Друг начин кај нас нема..и ради менталитет на народ и ради немање медицински ресурси.

Филипче има околу него ваљда 2-3 советници кои имаат искуство со справување со кризи во вонредни ситуации така да он прави ота што ќе му кажат тие што тоа им е работа.

Пак ќе кажам...Карантин - Да. Пазење- Да. Паника- Не...а за последново се криви медиумите кои само ти објавуваат гола бројка на нови жртви од вирусов со болд и црвена боја и поедини стручњаци чија професија добива на цена со актуелнава ситуација.

Реалноста е ваква:

https://sdk.mk/index.php/makedonija/detsata-i-mladite-bez-simptomi-go-shirat-virusot-epidemiologot-d-r-danilovski-predlaga-politsiski-chas-ako-ne-se-pochituvaat-merkite-na-vladata/?fbclid=IwAR24WN6aBzTXgt6Hn8tpbY72hNLEUCeVYr3FtUVzHlXxflmkl-OKYMK65_Q#.Xm52n7ftmYc.facebook

Вчера го гледав епидемиологов на ТВ кој кажа дека ..пази...ебола била мачкина кашлица во споредба со корона вирусот притоа БЕЗ да нагласи дека ги споредува по  степен на заразност/преносливост, а не по смртност. Ако му отидеш на ФБ профилот и го читаш (без да се информираш малку подетално) ќе почнеш да се вооружуваш ко за доба од Луди Макс.

И после тепачка за тоалет хартија..
Епа тепачка. ;D
« Последно менување: 16 Март 2020, 12:04:21 pm Stratro »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Да ова е поопасно од Ебола пошто заразен од Ебола не го пренесува вирусот за време на периодот на инкубација. Кога човек ќе почне да крвари низ сите телесни отвори, тогаш ја пренесува заразата. Ебола не се пренесува така лесно баш заради симптомите, и заради тоа што убива ~50% од заразените. SARS-COV-2 се пренесува многу побргу затоа што многу од заболените се АСИМПТОМАТИЧНИ.

Не можеш да го споредуваш процентот на смртност, пошто од ова скоро сите ќе се заразат или барем 80% од популацијата. И ќе се заразат НАЕДНАШ, и ќе нема место во болници па ќе умираат и луѓе што со медицинска нега не би умреле. Од SARS-COV-2 ќе умрат многу повеќе луѓе.

Затоа свестете се веќе еднаш, ѓаволот ја однесе шегата одамна. Зезање и хумор не се лоши работи, ама не се лажете дека „нема потреба од плашење“. Баш треба повеќе плашење за идиотите сограѓаните да престанат да се однесуваат ретардирано и да го преплават Здравството со 100 пати повеќе пациенти од капацитетите.

ПЛАШЕЊЕ  =/=  ПАНИКА
НЕПАНИЧЕЊЕ  =/=  РЕТАРДИРАНО ОДНЕСУВАЊЕ

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4022
@Stratro Велика Британија има околу 5000 респиратори, што му доаѓа околу 80 на 1 милион жители, значи нешто слично како нас.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Основни работи се тоа. Кој играл Pandemic 2 треба да ги знае. Прво рисрчуваш кашлање и кивање за најбрзо да може да го заразиш Мадагаскар.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Со обичен вирус успеаја да си играат кур со цел свет. Се слагам со Стратро.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
@Van Ебола не прележале 92% од заразените, независно од бројката на заразени.

Корона и сезонски грип - Да.

Ако се земе предвид дека "flu season" во просек трае 13 недели, ова се 4700 смртни случаи неделно...од грип...само во Америка..и тоа лица од секаква возраст..не 70-80 годишни.

Каде е паниката за грип?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
крени паника, кој ти брани. Короништево уште не е во екот. Уште не го напрајло своето. а и за сезонски мислам да има вакцина.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Со обичен вирус успеаја да си играат кур со цел свет. Се слагам со Стратро.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
Туку, на која граница си заглавен?
Да организираме избавувачка мисија ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
крени паника, кој ти брани. Короништево уште не е во екот. Уште не го напрајло своето. а и за сезонски мислам да има вакцина.

Тоа дека за сезонски грип има веќе вакцина, а од него умреле 60.000 луѓе за една сезона во Америка во 21 век, го прави грипот уште пострашен.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
крени паника, кој ти брани. Короништево уште не е во екот. Уште не го напрајло своето. а и за сезонски мислам да има вакцина.

Има вакцина која не е 100% ефективна и скоро никој не ја користи. Корона има од декември до сега 6500 мртви, за 4 месеци пред да почнат карантини. Ако продолжеше вака веројатно ќе стигнеше некоја бројка од 20-100к на светско ниво. Ништо страшно. Се крева паника премногу за вирус што ги има истите последици и компликации како обичен грип. И од обичен грип може пневмонија да добиеш, да имаш потешкотии во дишење, и исто се заразни. Грип има до 500к смртоносни случаи на година и во многу милиони заразени луѓе секоја година. Има грипови што имаат над 50% смртност и не се крева паника за нив иако се прилично активни и имаат многу жртви секој месец.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1863

Обичен, сезонски грип е грип кој што е познат на човековиот организам и имунитет доооолго наназад. Ова е вирус кој е нов и имунитетот не е подготвен за борба со него како со другите типови на сезонски вируси. Поради тоа, проблем ќе биде нагло појавување на вирусот кај голем број на луѓе што ќе предизвика шок со кој здравствените системи во земјите немаат капацитет да се справат. Верувајте дека Италија, особено во северниот дел има многу подобар здравствен систем од нашиот, па видете до каде стигна кај нив работата.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Исто како на свадба.

Никој не сака прв да влезе, се тактизира, се чека да се види кој прв ќе влезе за потоа сите да навалат.
По неколку испиени ракиички секое тактизирање исчезнува, започнува натпревар кој појака песна ќе нарача или ќе испее на микрофон.

Се мисли на државите и властите и нивните мерки.