Се чувствуваат климатските промени!
Релативната влажност на воздухот е висока и таа си влегува и во домовите. Таму каде се ѕидовите поладни си кондензира.
Пред 11 години, ставив туба од 6l да се собира водата од цревото од климата (греење) и едвај се полнеше на неколку дена.
Сега за еден ден се полни речиси цела. А некогаш знае да се преполнува за 24 часа.
Некни, кога залади речиси и да немаше вода, што значи дека дошол воздух со ниска влажност.
За колку толку да регулирам, користам апсорбери на влага. Но и покрај тоа, кога е јак минус се појавува на одредени места кондензација. Пример, над висеќите во кујна, тесен е просторот и не може ѕидот да се загрее, и покрај тоа што грејам 24 часа.
Проблемот го решив со лепење од тенкиот украсен стиропор...