(2) Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до
таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на
сообраќајот.
За да биде појасно, не може секоја ситуација одделно да биде предвидена во законот и изрично забранета. Затоа законите претставуваат општи акти, а при нивното применување се толкуваат. И, да, може да се користи логика при толкувањето. Меѓутоа, секако не може да се биде произволен при користење на истата.
Поздрав 
Јас мислам дека не е јасно. Како што сега гласи текстот од тој член од законот, се остава простор за произволно толкување, затоа што нема точно наведена минимална брзина. Нормална брзина е различен поим за секој одделен возач (и возило). „Нормално„ е релативен поим.
Еве еден пример, хипотетична ситуација.
Возачот 386ka си вози на Качанички пат со 75км/ч што е сосема во ред, затоа што максималниот лимит за брзина тука е 80км/ч. Но, по кратко време позади 386ката залетан доаѓа возачот 486ка (се неговиот камион, бесен модел cyrix 5x86, па уште и клокуван на 133) и свири и блендира дека сака да претица. 386ка се поттргнува на десно, но 486ка има широко возило а лентата за спротивната е тутма полна со возила.
Прашање, дали возачот 386ка треба да сврти кај некоја од фирмите со излез на десно, за да го пропушти возачот 486ка?
Одговори но потоа и кажи, како тоа и двата можни одговори не можат да се окарактеризираат како произволно донесени? 
Момак, тоа значеше дека не можеш да си користиш некоја си измислена логика при толкувањето на законите, надвор од начините на толкување.

Е сега, конкретно „нормално одвивање на сообраќајот“ те буни тебе. Тоа го утврдува судот (при судска постапка), или пак прекршочниот орган, во случајов МВР (негово службено лице). Тоа го утврдува според подзаконски акти (правилници, уредби, напатствија), донесени од надлежното министерство, кои понатаму го допрецизираат законот и се во согласност со него.
Нека не те буни тоа што не е докрај дефинирано што се подразбира под поимот „нормално одвивање на сообраќајот“. Во законите, дури и многу побитни работи се дефинирани со таква лабава дефиниција, но нивната примена и разбирливост повторно не е доведена под знак прашање. За некои работи, не можат да бидат докрај дефинирани некои норми, бидејќи тие многу зависат од спецификите на секој случај.
Во случајов, да, „нормално (одвивање на сообраќајот)“ можеш да кажеш дека е релативен поим, но истиот е определен според општествените норми, моралот, обичајот. Тоа значи, дека, со оглед на условите на патот, нормалното одвивање на сообраќајот нема да е нарушено доколку возиш 35 км/х во услови на снег на место каде што е ограничено 70км/х, но истото очигледно ќе биде нарушено доколку возиш 35км/х доколку условите на патот се идеални.
Може да се каже (иако не мислам дека е точно да се изразам вака), дека органите имаат во случајов дискреција да одлучат, што е, а што не е „нормално одвивање на сообраќајот“, односно негово спречување.

Е, сега, да резимираме, тоа значи дека во дадениот пример од тебе, јас не би претставувал пречка во сообраќајот, ниту би ја загрозувал неговата сигурност.
Но, во случај, Онак да си вози со неговото Волво на Тетово-Гостивар по десна лента, со 30км/х без никакви очигледни причини, верувам дека тоа би било пречка во сообраќај, а и опасност по сигурноста во истиот. Па така, тој би бил соодветен за казнување.

@Van, морам да истакнам, дека примерот многу ми се допаѓаше
Поздрав!
