Деновиве имам еден проблем со нашава пошта,контактирање преку емајл и телефонски и проблемот не е решен.Имено пратка стигната во Македонија на 19.05.2020(Скопје),на апликацијата 17трак а и на услугата која ја нудат Македонски пошти за тракинг го покажува истото,контактирано со некои одговорни лица во Пошта во Скопје утрово и пратката на 20.05.2020 била пратена во пошта во Кавадарци.Бев во експозитурата во Кавадарци и после едно 20+мин чекање се испостави дека пратката исчезнала.Па следен чекор е приговор,не е некоја сума но ќе видиме до каде ќе стигнеме.