Автор Тема: BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење  (Прочитано 41 пати)

Отсутен SomewhereFull

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење
« на: денес во 02:06:12 »
Здраво дечки пак јас, сега со друг проблем :) ,

Имам BMW 320d e90 2006 и пред некои си 7 месеци ми се појавија проблеми со палење на возилото.

Најпрво мислев дека е поради тоа што е зима, ладно и поради тоа што греачите на ОБД2 ги даваше како грешка, па затоа
- Заменети беа сите 4 греачи
- Заменето беше реле
Исто така и акумулатор заменив (претходно имав некое ѓубре) и ставено е Monbat AGM 100ah.

Бидејќи проблемот беше само на краток период решен, целосно го репарирав и Анласерот.

Проверен е и клучот и нема никакви проблеми со него, исто така при палење не гледам грешка на борд.

Го внесувам клучот и стискам еднаш на СТАРТ/СТОП копчето за да дадам контакт.
Чекам некои си 10тина секунди и потоа стискам на кумплуг и повторно на СТАРТ/СТОП за да почнам да го палам возилото
- Доколку надвор е ладничко, 10тина степени -> Ќе завергла некои си 1-3 секунди и потоа губи снага, и прекинува да вергла.
- Доколку надвор е ладничко -> Може да се случи да вергла непрекинато се додека не го прекинам јас.
- Доколку надвор е топло, 20тина степени -> Ќе запали без проблем, или барем тоа е ситуацијата во моментов
- Доколку го прескокнам делот со давање на контакт, едноставно го ставам клучот, стисната кумплуг педала и директ на СТАРТ/СТОП -> Може да почне да вергла и да изгуби снага, може да вергла непрекинато, или може да запали од прва. Буквално лото.

* * * (Чисто колку за информација) Пред некои два месеци правев редовен сервис и братот ми рече дека моторот имал проблем со кариките и дека прави ЕКСТРА притисок во картер (не помалку, туку повеќе).
Пред да ја добијам информацијава проблемов се имаше еднаш/два пати десено.
Не сум баш сигурен дека ова е све точно и дека ми има логика, па затоа за некое време ќе треба да ја однесам и на друго место да ми потврдат.

Можеби овие две работи се поврзани?
И доколку не се, што би можело да биде?



[ЕДИТ]: ми личи дека направив грешка и на погрешно место ја отворив темава, ги замолувам администраторите да ја преместат.