Wifi-то не ми е пресудно, али усб е потребно, ама има решение и за тоа. Бидејки не се разбирам во тв ќе може ли некој да ми појасни што значи смарт? Која е разликата помеѓу смарт и обичен лед тв?
Smart ти е телевизор со оперативен систем.Во него имаш youtube,Facebook и уште еден куп работи.Најчесто тие што се смарт имаат и повеќе усб излези и многу други поволности.Денеска секој квалитетен телевизор е смарт.Само најниските серии не се паметни,а тука губи,не само тоа што немаат смарт,туку и на слика,и на приклучоци,и буквално на цела изработка.
Попознатите производители имаат и свои програми како уредувачи на слики,информации за време,игри итн
Јас кога би бирал Смарт би одбрал исклучиво да е позната марка.На овие Fuego,St,Neo,Quart со леви софтвери не би земал никогаш.
И да земи си смарт.И баба ми велеше што ќе ми е тоа,а да видиш сега го врти телевизорот и секој ден открива забавни работи.Насабајле си пушта музиче на youtube,рецепти на странски сајтови.

Горд сум на баба навистина
Се зависи колку те интересира.Татко ми на пример никогаш не би ни седнал да го притисне копчето смарт,али ако и малку имаш желба ќе го искористиш смартот сигурно.Предностите на Смарт се големи.Пример ќе ти дојдат некогаш некои деца и ќе ти досадуваат.За 5 секунди Уклучиш youtube И ќе им пуштиш цртани и се смируваат децава.Раат си!Ете тоа е мој трик за мирни деца на пријатели.Ќе им речам слушајте деца!Седете тука и ако сте непослушни ќе го изгаснам телевизорот.И раат сум!Додека ми се пријателите на гости тие си седат пред телевизор и не се вртам околу нив
Направи си математика колку време ќе го користиш телевизорот.Ако го менуваш за 6 месеци до 1 година земи си најобичен.Немора да е смарт
Но ако го купуваш за подолго време гледај да го има смартот и барем 39,40 да биде и нормално марка да биде.
Убавите се скапи ама тука ни е Димитар и погледај го овој PHILIPS 40PFH5300.Тоа ти е најевтин смарт што има се во него(мислев на вифи се разбира)
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/%D0%A2V's/LED-TVs/PHILIPS-40PFH5300-40-102cm-SMART-FullHD-LED-TV68284Погоден телевизор е,и имаш се во него.Навистина не се исплати да го земеш она грундингон од горе за мала разлика
Прво: не е марка,
второ: нема ништо,
трето: помал е
Четири: Нема смарт
Пето: Нема вифи
Шесто: Немаш УСБ 3.0(пази на ова многу)
Седмо: Сликата е друга приказна
Осмо: Kвалитет 0 кома 5
Jaс не гледам никаков ќар со грундингот.Да е 100 евра ајде,ама на толку дадени пари и тоа за бош марка не фала.
За разликата од 4000-5000 ова го имаш кај филипсот.На баба ми и купив исти таков модел само со 32 инч величина и се е исто само што има едно усб помалку кај неа и нормално големината.Бабава е задоволна.Со многу опции е телевизорот(ех кога ќе почне да ми раскажува пред 50 години кога купиле телевизор,какви биле)Toa e милина за слушање

Во последно време почна да наоѓа мана само на големината,па веројатно ќе го смениме на пензија со исти таков 40 инчи.