Мали случувања пред некој ден,
бев да ја сменам резервната со нова гума кај локалникот вулканизер и долга приказна кратка, глупиот само ја одлепе гумата од венецот и ја потпре на маса и потоа тркалото падна со лицето на бетон.
Резултат, ете на слики. Оправдување, ме прави глуп, ниту извини ниту признава грешка дека направи од брзање и голема самодоверба. Заврше соработката со него...
Следно менување на летните во 2028-ма, ќе набавам од оние алатите за дома оти то е, прво носење алуминиумски бандажи и ја посере работата, а една работа има.

Втора приказна,
кај истиов брич бев до дома да видам дали лева требаше да биди или десна, заборавив да проверам, оштетеново тркало,
и на враќање кај него, успеав да се сплеткам со еден старец во борба за качување на тротоар, јас со носот влегувам, тој рикверц и не ме виде.
Резултат ете, секој си продолже по патот оти и двата криви, само шо тој на ретровизорот немаше штета.
Ова ќе оди зимава некој ден на PDR.


