После неуспешни 3 месеци чекајќи во Македонија да излези нешто по мои побарувања, заминав Германија да земам Француско возило (замисли).
Ја зедов наќоро да не речам, пошто прво видување беше навечер, и реално ништо не видов, на слики повеќе се гледаше,
па дури бев тука свртив еден и мал круг низ тоа селото од каде што беше колата. Долга приказна кратка, пошто бев ограничен со денови,
и ближеше викенд, реков оваа ја земам па шо ќе биди нека биди, или ќе се погоди или не, шансите се тие 50-50.

Зошто дизел?
Затоа што Рено немаат бензинец солиден, 1.2 е попара и троши масло, а 1.3 го вградуваа во поновите и најефтината на огласи беше кнап на буџетот.
1.6 бензин беше 205коња, и премиум цена, па ко го направив есапот, дизелот беше најлогичен избор за полупроизвод за увоз.
Се работи за 1.5dci 2016-та, 81kW, 110 коња, Intense ниво на опрема.
Шо ми фалеше шо сакав да го има оваа кола ама го нема:
- Паркинг сензори напред и камера за рикверц (ако имам среќа можеби стојат конектори празни)
- Големиот екран (меѓутоа заради недостигот на физичките копчиња за клима, изгледа нема да доживее апгрејд помалиот)
- Лед фарови (кои мене ми се многу убави, и одма е подруг ликот напред, меѓутоа од реални искуства не вределе,
па и на 10години стара кола, 500€ од фар не знам колку е логично да се поседуваат)
Ко се решив да ја земам, малку ми беше криво шо има 180,000км, а другите беа околу 120-150к на огласи,
па за брзо со 2-ка ќе биди напред, ама сега ми е сеедно пошто знам до 300к, ниту масло ќе троши ниту антифриз.
Ама затоа надохнаде со седиштата шо ми се допаѓаа, некаков велур со комбинација на гума (вештачка кожа демек),
а со тоа кожни страници на вратите и наслонувач, и нема повеќе заглавена мртва кожа во текстилот.

Колата дојде со два сета на бандажи 16-ки и 17-ки, со сензори.
Дигалка и клуч нема, туку пластичен калап со компресорче и пена, ама со место за полно тркало, па ќе стои едно зимско/летно внатре.
Немам нешто посебно планови, освен да се помини со Fusso 12M восок, да се купат кровни аеродинамични носачи,
зимски гуми, и да ја проверам на дијагностика во Рено за дизните и ДПФ филтерот, кој појма немам кога се чисти или шо и да прави,
во 2500км досега ништо нема јавено.
Исто така голема благодарност до
@bobimk кој детално ми го опиша процесот за увоз кога колата ќе стигни во мк,
па имав точна насока од негово лично искуство како да се движам, како и многу текст прочитано претходно во соодветни теми за процесот
во постови од
@Luki Junior и
@MecheTo, и некои други членови поситно.







Со зимските бандажи, таму.
