Автомобили > Генерално за Автомобилите

Опрема за кола од Temu

<< < (2/4) > >>

Skywalker:
Мене пред некој месец ми го даде тој компресор со батерија и усб-ц порта за 87 денари како нов корисник. 10тина пати до сега го имам искористено и е сосем во ред. Ќе видиме колку ќе трае.

Lone:
Линковите се афилиејт ама мислев нема да е проблем тоа. Се што пишав во мојот пост сум задоволен јас. Се што имам порачано до сега од Али и Тему имам добиено точната димензија/големина. Не гледајте по сликите, гледајте по описот за точна димензија. ЛЕД сијалиците се супер, сум немал никаков проблем до сега, во две коли. Во повеќе коли, откако возам 15 години веќе, користам таков држач за телефони за клима и во ниедна кола се нема скршено решетка до сега.

Сите што имате проблеми со големина мислам дека е проблем што не читате убаво описот на производот. Секако помага и ако има реални слики од корисници од reviews, не од самиот продукт, тие кориснички слики се секогаш пореални. И кога порачувам од било каде подредувам по број на нарачки, не по цена. Ако има десетици илјади нарачки тогаш големи се шансите и да има повеќе реални reviews со реални слики од корисници. Ако подредувате по цена и нарачувате од негде што имаат само 5 нарачки, може да ви се погоди и фејк продукт па затоа и добивате лоши работи. Ги пазам тие работи и читам описи, можеби затоа не сум се заебал до сега

shelby:
Интересна тема за рецензии.

Јас порачав 2mm бутил алуминиум за антивибрациона изолација. Иде 900 денари м2. И гумен ролер за полесно лепење. Пишува до 120 степени отпорност на температура но сепак не лепам под хауба.

Ќе земам и армафлекс или нешто слично да залепам над него. Па да видиме дали ќе смени нешто при звукот на ламарина каде што фали изолација :)

Исто порачав и од тие чадорите-штитници за сонце и онакво ѓезве за полимеризација со ацетон (да се пробам на едни стари фарови).

vladimir_1:

--- Цитат: Carpathian Lord на 22 Јули 2025, 09:44:31 am ---Ова што е држач за телефон, затоа на 50% им се скршени решетките за вентилaција.
Еленската кожа кај нас е 70-80 денари.
Лед-от треба да е CANBUS иначе ќе правиш лајтшоу.
Тие за вратот (конкретно на сликава) ако си Кинез - да таман ќе ти бидат на вратот.
Тоа на штитникот за Сонце, кога ќе го превртиш не можеш до крај да го однесеш штитникот, кога ќе ти треба и ќе ти испопаѓаат работи во сред возење.

--- Крај на цитатот ---
Зато наочари за сонце постојат  ;D

The Seventh Son:
temu e sranje neznam zasto go koristite

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија