Автомобили > Генерално за Автомобилите
Опрема за кола од Temu
Lone:
Имам нарачано многу работи за кола (додатоци, аксесоари, алатки), па да отворам тема да видиме и вие што сте нарачале и од што сте задоволни?
Еве неколку мои предлози што сум ги купил и сум задоволен:
Перничиња за врат - Линк
Trim tools - Линк
Компресор - Линк
Ова повеќе брчи отколку што пумпа, ама се наоѓа за точакот или дополнување гуми кога немам бензиска у близина
Sun Visor Organizer - Линк
ЛЕД Диоди - Линк
ОБД Скенер - Линк
Нормално ова не е професионално, ама кога имам чек енџин секогаш го наоѓа точниот код/грешка - до сега испробано на 5-6 коли и на сите работи супер, може и да се бришат грешки, да гледаш live data, и други работи. За цената е супер.
Air Vent држач за телефон - Линк
Ова е најдобриот држач што сум го користел. Имам купено секакви - за на решетки на клима поголеми, за со вакум на прозорец, скапи, евтини, баш се имам пробано и од овој сум највеќе задоволен, а најевтин е. Не паѓа, ми се нема скршено решетка од клима до сега.
Мрежи за во багаж - Линк
Има различни држачи и мрежи/организери за во багашник, најдете си големина и форма што ви одговара вас. Кај мене на сите коли имам овакви и многу ми се корисни, ставам прва помош, ПП апарат, чадор, еленска кожа, вода, и слични работи во нив за да не се тркалаат на секаде. Има и обични „Ленти“ лепенки, не мрежи, и тие се исто добри. Пишете си trunk organizer mesh или trunk tie strap, ќе најдете повеќе
Надоле ќе продолжам без слики за да не се натрупа темата, па видете како изгледа се на Тему:
Еленска кожа/крпа - Линк
Штитник од сонце - Линк
Bluetooth адаптер за AUX - Линк - ова е многу добро за коли што немаат блутут а имаат AUX. Кај мене има само мал лаг, помалку од пола секунда кога пуштам видеа, ама за музика нема проблем. И со копчињата можеш да менуваш песни или да се јавуваш/гасиш повик.
УСБ полнач - Линк - за ова намерно гледав да е мал, да не зафаќа простор, а има и други што имаат и дисплеј на нив, само не сум ги пробал. Овој малиов едноставниов е супер и врши работа.
Имам купувано и други работи - силиконска навлака за менувач, armrest, капаци за брисачи, навлаки за куче за назад, и некои други ситници што се специфични за мојата кола па не можам да ги препорачам на сите, ама задоволен сум од се што сум порачал до сега од Тему. Истите работи се продаваат и по бензиските и CARBOX кај нас
Вие што сте купиле и би препорачале?
Carpathian Lord:
Affiliate ти се линковите или си потрошил за џабе толку време?
Rammlied:
Пола од работите што сум ги купил се срање. Еве нешто што ми иде на памет:
Украсни капачиња за мутерите - срање, не пасува големината
Украсни капачиња за тркалата - ОК но дизајнот на логото не е потполно оригинал
Мрежа за гепек - испадна премногу мала
Антена и база за на кров - ја монтирав но квалитетот на радиото драстично се намали
Комплет ЛЕД сијалици за кабина, таблици и ретровизори - не ми се сеуште монтирани, гарант пола се дефектни
Алу педали - од 3 педали, педалата за гас никако не пасираше па морав со силикон да ја фиксирам (срање)
AUX кабел - нормално дека не функционира
Гледам си пишал компресорче за 900 ден. Јас купив неупотребувано ОЕМ компресорче за 1500, работи беспрекорно.
Carpathian Lord:
Ова што е држач за телефон, затоа на 50% им се скршени решетките за вентилaција.
Еленската кожа кај нас е 70-80 денари.
Лед-от треба да е CANBUS иначе ќе правиш лајтшоу.
Тие за вратот (конкретно на сликава) ако си Кинез - да таман ќе ти бидат на вратот.
Тоа на штитникот за Сонце, кога ќе го превртиш не можеш до крај да го однесеш штитникот, кога ќе ти треба и ќе ти испопаѓаат работи во сред возење.
Fizzbuzz:
Има корисни работи на Тему, иако од наведените ништо не е корисно и со affiliate линкови :)
Може да се купи подобар (од горенаведениот) компресор со вградена батерија (type c порта за полнење, ЛЕД сијаличка за темни услови) за 1000ка.
Ситници од типот на прскалки за шофершајбна, има некои што прскаат како mist - повеќе ја дисперзираат течноста.
УСБ полначи, купете нешто асално затоа што не вреди маката да прегорите осигурач или не дај боже нешто пострашно од осигурач со некој неквалитетен полнач...
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија