Автомобили > Генерално за Автомобилите
Чуден звук на Citroen C4 Cactus 1.5 bluehdi 2019 година
Epics:
Момци здраво, сакам да ве замолам за совет / мислење доколку некој го имал истиот проблем.
Се работи за Цитроен Ц4 Кактус, 2019 година 1.5 bluehdi мотор. Овој звук се појавува само кога колата работи во лер и кога е загреана. Кога давам гас се губи, а во возење ништо не се забележува ниту се слуша. Кога нема достигнато работна температура го нема звукот.
Менував сет ребраст каиш со сите попратни делови, звукот сеуште го има ( го имаше и претходно). Се вратив уште 2 пати кај мајсторот, ја препровери колата, со изваден пк каиш, проверуваше да не е престегнат ребрастиот каиш, смени и шајбна на ребрастиот каиш денеска но повторно е исто. Бев и кај неколку други мајстори но не може да го детектираат проблемот.
Мајсторот што ми ја сервисира колата ми спомна дека се консултирал и со други и дека овој проблем се јавува кај овие возила и е од Бош пумпата, но не е проблем ноже да се вози.
Сум немал никаков проблем но сакам да го решам ова.
Ве молам за некој совет.
Ви благодарам.
Busav:
а на стиснат/пуштен кумплуг исто звучи?
Epics:
Да, исто е нема разлика
MarceCvarce:
Neka ti go proverat lanecot go imash motorot so toj zaeban mozen problem.
Filip MK:
Јас мислев овој мотор е на ланец, а не на каиш или има две верзии на овој мотор? Ја имаш колата од 0 км или половна ти е земена, во смисла дали е менуван ланецот (ова со ребраст ме буни?), колку км има колата? Звукот не асоцира на ланец, за мирна глава да поабраш мислење од овластен сервис или да пробаш во Виталеда.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија