Автомобили > Генерално за Автомобилите
Воведување ред во извадени Катализатори и ДПФ-и
Filip MK:
Тука во видеото посочија дека од земјите на Балканот, во Македонија се работи на нов Правилник во врска со издувните гасови и дека ќе биде опфатено ова со уредот што ќе ги мери ситните честички (во превод, ако немаш ДПФ, нема да можеш да ја поминеш колата на технички), не знам колку е верно тоа, не сум слушнал таква најава
MarceCvarce:
Ako nemash DPF ne ti treba vakov meren sistem, treba zelba za da ne se propushtaat takvi koli na tehnicki.
fuzzjaw:
Не мислам дека е толку проблем регулативата колку спроведувањето на истата. Во повеќе наврати на технички сум видел ситуација “Абе расипани ти се пола светла на колата ... ама ќе те пуштам јас, ти среди ги, да не те враќам“.
Не, врати го. Престани да пушташ технички неисправни возила (без оглед дали е светлосен систем, кочионен систем, издувен систем, сеедно). Престани да пушташ возила со LED сијалици во фар со рефлектор и слични глупости шо не само шо не се законски дозволени, туку се опасност во сообраќај.
И не е на одмет да се воведит контрола над техничките - ако технички преглед пуштил неисправно возило и дозволил регистрација, пиши казна на правно лице.
vladic3110:
Ако стегнат технички да оди се по правила 70% од возилата во државата ќе паднат на технички и повеќе од пола овде на форумот.
zeroSignal:
Точно, и треба така да биде. На времето техничките прегледи си беа строги и се знаеше дека на технички преглед се оди со чиста кола.
Мора да проработат техничките како што треба. Едноставно, мора.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија