Автомобили > Генерално за Автомобилите

Воведување ред во извадени Катализатори и ДПФ-и

(1/13) > >>

yarre:
Спрема гостинот на Авировиќ, во неговата емисија САТ (очигледно увозник на уреди за тестирање на издувни гасови) и во Македонија е во тек законска процедура за промена на состојбата со (не)регистрирање на возила со изваден катализатор.
Изнесоа информација дека возило со изваден катализатор/дпф загадува како 10.000 нормални возила.


andrejnaumovski:
За ДПФ е малце потешко, ама за катализатор е многу едноставно, враќаш катализаторот, идеш на технички, и после го вадиш.

Или даваш екстра пари ко човек и купуваш спортски катализатор што поминува технички 🤷‍♂️

MarceCvarce:
Toa i sega moze da go pravat, imam videno izduvni gasovi kako merat.

Спенсер:
Кај нас на одредени камиони што возат нагоре Европа издувни гасови мерат уште пред 20 години, за да утврдат кое еуро е камионот (еуро 1 2 3 4 5 6)...

Тогаш беше во техничкиот во Геге, Соколов од машински факс ги прегледуваше возилата.

Ако поминеше кај него возилото, било каде да те конролираат низ европа немаш гајле. :D

Ден денешен ги мерат, скоро во сите технички прегледи имаат такви уреди. 

Треба само законска измена да се донесе возилото што не поминало тест за издувни гасови да не може да се регистрира, исто како ако не кочи пример. ;D

yarre:

--- Цитат: MarceCvarce на 11 Март 2025, 05:01:01 am ---Toa i sega moze da go pravat, imam videno izduvni gasovi kako merat.

--- Крај на цитатот ---

Мерат честички како кај пунтото на видеото. И дим.Така проаѓа.
Ама кога треба да мерат ситни честички треба нов уред.
Загадува а не се гледа. Такви уреди нема ниту еден технички преглед.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија