Владе на крај ќе завршиш ти со Пунтото гледам јас
. Тоа и не е толку лошо за по Скопје. И сопругата не сакаше да го вози Сеникот, па еве сега ќе видам со Грандето дали ќе се охрабри да вози.
Шала на страна, кога попив казна за брзо возење, гледајќи по билтенот на МВР налетав на инфо дека имале „план за проверка на издувните системи на колите поврзано со мерки за загадениот воздух“. Некако не ми беше верно, првпат слушам за тоа, ама кога отидов во детали, излезе дека стопирале коли, ги праќале на технички и за тоа имаат изречено казни поради отстранување на ДПФ филтри (неисправни системи за издувни гасови, остранување на делови од системот и сл).
Муабетот ми е ако не ти прави проблеми не го дирај. Ако почне да те зафркава и решиш да го средиш (софтверски и механички), гледај да биде по пропис за да избегнеш евентуални заебанции со полиција. Како иде време, ќе има се позачестени контроли за ова.