Не знам од каде да почнам прва кола на мое име прва љубов!.Иако сум млад 25год не знам зошто ме привлекуваат стари мерцедеси од типот на w115/123/124/190/w140 итн.Мечето е произведено крај на 2001год и подадено на 08/02/2002год на такси компанија во дизелдорф.Колата е увезена во 2014год во Македонија, од човекот што ја земав ми кажа дека е во Германија е ставен “нов мотор и мењач со 0 км”.Кога отидовме да ја земеме со другар стоеше под дрво кај студентски дом пелагонија,немаше акумулатор и не била палена 2год.Ја запаливме и тоа е тоа,здрав дизел мотор со “270К КМ”
Прв пат возам мерцедес аутоматик и сум презадоволен како менува брзини има кик, одма враќа брзина до две подоле.За конфорот да не зборам влегуваш уморен излагаш одморен
Мотор:OM611.967 2.2 Е200 цди 85кв 115кс
Мењач:Аутоматик 5г троник
Класик ниво на опрема, стакла,ретровизори и седишта на струја, панорама, кожен црн ентериер, махагон, клима, вебасто, сензор за дожд, греач во резерварот за нафта и посудата за течност за стакла ,интегрирани седишта за деца на задна клупа и предно возачко седиште со комнади за масажа и пумпање на странични/горни/долни перничињата.(што за некое чудо и работи).
Каросериски е во очајна состојба секоја страница е лупната и изгребана, кој како стигнал се учел да фарба па има делови каде што се очајни,хаубата е удрена напред не стои како што треба, праговите на местата каде што се става дигалка почнале да скапуваат иако колата е цела кобитирана одоздола.Такси боја шампањ бела.
Под хауба за некое чудо се е оргинал мерцедес од црево до амортизери, пластични штрафови итн.
Колата планирам да ја возам неколку години и ке вложам пари за да ја доведам во ред.
Работи што треба да се заменат се:држачи на мотор и мењач,цела предница со се амортизери, канален ремен ролер и се што иде со него заедно, уље во аутоматик (некои ми викаат не чепкај ако нема проблеми но ме копка дали воопшто е сменето, па ке го сменам за секој случај заедно со филтерот), уље во диференцијал,прагови и бандажи 16ки со летни гуми.
Два месеца ја имам оставив тест период и се покажа одлично, сменив предни и задни почки (набавени од прчот феби) се испостави и предна лева клешта да блокира па и таа се промени.
Плочки феби 3300 ден, половна лева клешта 2500ден, раб рака 2000ден комплет 7800ден
Колата е платена 1700евра и не жалам ниеден цент!
П.с Само овие 2 слики ги имам во телефон, деновиве ке ја исперам и сликам комплет.