Го мислев ова, и се размуабери темава, па да прашам.
Апла сум нов и неискусен на темава.
Сакам да земам маса, 4 столови со потпирачка, некој лесно скоплив шатор за да почнам да ги носам децава (4 и 7 години) на излети во природа.
Евентуално и некоја скара.
Јас сум 120 кг, столот треба да ме издржи да седнам

Масата, големина да ја собере во багажникот во Мондео-то, и да можам да ставам 6 чинии на неа.
Шаторот да може децата да влезат да дремнат внатре во него. Душек на надувување мислам да им земам.
Доаѓа 1ви Мај, се надевам да најдам некоа препорака низ продавнициве.
Барам препорака како за почетник не професионална опрема, и секоја препорака е добредојдена.
Фала однапред.