Еве едно културно скоцкано видео со нормален тон и ете да речеме некакви си валидни поенти, наместо 500 возрасни мажи кои ми излегоа по јутубов и вриштат, кршат телевизори, кризираат и бараат пари назад за една видео игрица која нема шанси да не ја изиграм кога ќе и дојде ред.
Видеото се однесува на првите 6 саати од играва...

Чисто за споредба еве и за Гран Туризмо 7 која, иако не е без свои мани, сепак е нешто најдобро до сега што сум играл од возачки игри ( а играм од времето на PS1, преку XBOX360 па се до PS5 и тоа лабаво, на контролер).

Многу прибирливи излегоа модерниве мажиња.
