Автор Тема: Chevrolet Spark II  (Прочитано 35846 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #105 на: 21 Ноември 2019, 10:51:07 am »
Ја на пример би го остаил фабричкото за повеќе да ги нервира ;D

Шала на страна, едно прашање, немаше можност за користење на фабричката инсталација од старата свирка?

Имаше, така е и направена. Само што е направена дополнителна од едната до другата сирена, пошто се две сирени :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #106 на: 27 Април 2020, 15:52:39 pm »
Денеска конечно се најде време да се смени зимскиот со летен сет. Зимските спакувани и наредени до есен. Здравје како тргнало, да нема ни за што да ги монтираш со времево...Поминати околу 1500 км преку сила. Три месеци не е ни мрднато од место. И корона и све се запусте. Моментална километража 47700 км.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #107 на: 16 Август 2020, 11:17:54 am »
Малку да ја размрдаме темата. Да не биде монотоно и да не излезе дека ништо не се работи на колата  ;D
Во принцип мене ме нервираат работи кога гребат, шкрипат, шушкаат, а тоа се случуваше со задните кочници.  Воедно приметив дека кога се вози на отворено, на едно од тркалата најверојатно не се враќаа пакните, па малку и загреваше. Затоа си се дадов на викенд работа, односно средување на проблемот. Практично кога го отворив добошот, приметив дека клипчето е блокирано. Штом е таква работата истото треба или да се репарира или да се смени со ново. Си порачав комплет делови бидејќи е викенд и незнаев што све ќе ме снајде. Деловите ги набавив од @Prcot  , огромна благодарност до него за услугата и професионалноста и цените по кои ми ги набави деловите.



Кочниците средени, лагери подмачкани, пробано, си спие.
Следно на кое морав да обрнам внимание беа фаровите. До пролетоска не беа до ролку многу оштетени, но за само неколку месеци многу пожолтеа и релативно доста матираа. Па тоа се одрази и на квалитетот на осветленост на патот. Не можев а да не тргнам во проект "Репарација на фарови".  Се надевам дека ке тераат некое време, барем две три години. Китот за репарација кој го користев е Сонакс.
Еве како изгледаа пред да се одпочне со работа:





Бидејќи оштетувањето беше видливо и доста длабоко, морав да почнам со многу крупна шмиргла. Очигледно фабричката заштита беше повеќе од видно оштетена, морав подлабоко да одам со обработка... 240-ка, 500, 600, 1000. Вака одеше шмирглањето на фаровите до нивно комплетно матирање... Морам да признаам премногу работа бидејќи се одеше рачно. Јас немам полирка со која се ова би било многу побрзо и поедноставно, но ете. И така ја завршив работата. Еве во каква состојба морав да ги донесам фаровите:





Потоа следеа водени 1200, 1500, 2000, 2500, 3000, 5000. И после 5000-ката се приметуваа оштетувања на пластиката која не може да се репарира, односно оштетувања во самата структура. Сепак разликата беше драстична. Во самиот сет за репарација има инструкции како да се исполираат фаровите. Во тој сет не се опфатени сите овие шмиргли, па затоа ке треба да си ги набавите локално по дуќаниве. На крајот резултатот кој што го добив ги задоволи во целост сите мои очекувања.  ;D Промена 100% . Единствено нешто кое што не го знам е трајноста после полирањето. Со оглед на тоа дека и на други две коли го имам истово ова правено, релативно добро трае сјајот, но мора да се прават тековни одрзувања и користење на соодветна восочна заштита или пак нано заштита. Има многу различни препарати, може да одберете кои ги сакате, јас најчесто довербата им ја давам на геранските, односно Сонакс.







Во принцип тоа се активностите превземени во овие летни после карантински денови  ;D
Останатите работи се во ред па ке видиме како ке се тера понатака. Сега за сега Спаркот се покажа како одлично градско возило.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #108 на: 16 Август 2020, 13:54:35 pm »
То Сале!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #109 на: 16 Август 2020, 14:05:25 pm »
Гледам ставаат фолии после полирање демек подолгорочно заштитени.
Ќе треба и јас да се позанимавам да најдам некој за фаровите на i10ката, почнале да се замаглуваат.

ПС
Чекам @dame да се научи ;D да лепи фолии на фаровите и да му ја доверам на целосен третман :)
« Последно менување: 16 Август 2020, 14:14:28 pm Mikius »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #110 на: 16 Август 2020, 14:33:57 pm »
Сега за сега Спаркот се покажа како одлично градско возило.

Кичма не те боли од седиштата? ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #111 на: 16 Август 2020, 14:43:45 pm »
Има пернички ставено од Пердормире 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #112 на: 16 Август 2020, 23:57:50 pm »
Сега за сега Спаркот се покажа како одлично градско возило.

Кичма не те боли од седиштата? ;D
Одлични се седиштата :D

Гледам ставаат фолии после полирање демек подолгорочно заштитени.
Ќе треба и јас да се позанимавам да најдам некој за фаровите на i10ката, почнале да се замаглуваат.

ПС
Чекам @dame да се научи ;D да лепи фолии на фаровите и да му ја доверам на целосен третман :)

Што се однесува до фолиите. Фолијата веројатно е добра работа доколку не е оштетена фабричката емулзија. Но, со оглед на фактот дека фаровите матираат штом фабричката емулзија почне да се разградува, мислам дека ставањето на фолија е веќе касно :/
Гледав дека ги прскаат и со специјален лак, нешто налик фабричката заштита, емулзија, UV протект и слично, но немам видено нешто такво кај нас.
Таква емулзија има и во Сонакс пакувањето, но она што го приметив е дека останува леплива подолго време. Како да не се суши. И потоа мора да се извади...
Сега ја искористив само полир пастата, и наместо оригиналниот премаз, ставив друга заштита, која што треба да се суши 24 часа. На другата кола имаше многу добар ефект, односно еве скоро година дена тера без никаков проблем... + како што реков, на 3-4 месеци после перење, може  да се помине со восочна заштита, чисто да не се задржува вода и прљавштина... :)



Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #113 на: 24 Декември 2020, 20:43:53 pm »
@SaleSk Секоја чест за темава и за споделувањето на сите зафати по Спаркот. Лично мене ми помогна за 5 минути да сменам сијалички во километража. Алал да ти е.
Туку кажи бандафчињата од каде ги најде. Година дена вртам по огласи, ништо нема, ни за лек :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #114 на: 24 Декември 2020, 20:51:25 pm »
@SaleSk Секоја чест за темава и за споделувањето на сите зафати по Спаркот. Лично мене ми помогна за 5 минути да сменам сијалички во километража. Алал да ти е.
Туку кажи бандафчињата од каде ги најде. Година дена вртам по огласи, ништо нема, ни за лек :)
Тенкју...
Бандашите се вистински проблем да ги најдеш. Јас ги земав од Нови Сад. Имаше голем окршај зошто се оригинални и е голем проблем да се најдат. А и сумата беше фина Али пусти мерак. 250 евра плус 4 нови гуми 150 евра. Јбга, многу убаво личат.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Chevrolet Spark II
« Одговори #115 на: 24 Декември 2020, 21:06:33 pm »
@SaleSk Секоја чест за темава и за споделувањето на сите зафати по Спаркот. Лично мене ми помогна за 5 минути да сменам сијалички во километража. Алал да ти е.
Туку кажи бандафчињата од каде ги најде. Година дена вртам по огласи, ништо нема, ни за лек :)
Тенкју...
Бандашите се вистински проблем да ги најдеш. Јас ги земав од Нови Сад. Имаше голем окршај зошто се оригинални и е голем проблем да се најдат. А и сумата беше фина Али пусти мерак. 250 евра плус 4 нови гуми 150 евра. Јбга, многу убаво личат.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



Многу слична на твојата приказна е со мојот Спарк, земен од први познати газди со скоро ич километража, баш како нов. Со тоа што јас колите гледам да ги оддржам во понова состојба од кога биле такви. Во последно време почнав да го возам само за да не стои и да ти кажам право како ми легна дури и јас сум изненаден. И јас не би штедел за бандажи само што ете не ми текнало да побарам по комшии. Ќе го направам тоа.
Инаку, сијалички позиција и средни и долги се менуваат на фаровите без вадење само треба полека и опуштено.
« Последно менување: 24 Декември 2020, 21:20:45 pm Ducky »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #116 на: 25 Декември 2020, 01:44:15 am »
Малку да ја размрдаме темата. Да не биде монотоно и да не излезе дека ништо не се работи на колата  ;D
Во принцип мене ме нервираат работи кога гребат, шкрипат, шушкаат, а тоа се случуваше со задните кочници.  Воедно приметив дека кога се вози на отворено, на едно од тркалата најверојатно не се враќаа пакните, па малку и загреваше. Затоа си се дадов на викенд работа, односно средување на проблемот. Практично кога го отворив добошот, приметив дека клипчето е блокирано. Штом е таква работата истото треба или да се репарира или да се смени со ново. Си порачав комплет делови бидејќи е викенд и незнаев што све ќе ме снајде. Деловите ги набавив од @Prcot  , огромна благодарност до него за услугата и професионалноста и цените по кои ми ги набави деловите.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кочниците средени, лагери подмачкани, пробано, си спие.
Следно на кое морав да обрнам внимание беа фаровите. До пролетоска не беа до ролку многу оштетени, но за само неколку месеци многу пожолтеа и релативно доста матираа. Па тоа се одрази и на квалитетот на осветленост на патот. Не можев а да не тргнам во проект "Репарација на фарови".  Се надевам дека ке тераат некое време, барем две три години. Китот за репарација кој го користев е Сонакс.
Еве како изгледаа пред да се одпочне со работа:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бидејќи оштетувањето беше видливо и доста длабоко, морав да почнам со многу крупна шмиргла. Очигледно фабричката заштита беше повеќе од видно оштетена, морав подлабоко да одам со обработка... 240-ка, 500, 600, 1000. Вака одеше шмирглањето на фаровите до нивно комплетно матирање... Морам да признаам премногу работа бидејќи се одеше рачно. Јас немам полирка со која се ова би било многу побрзо и поедноставно, но ете. И така ја завршив работата. Еве во каква состојба морав да ги донесам фаровите:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Потоа следеа водени 1200, 1500, 2000, 2500, 3000, 5000. И после 5000-ката се приметуваа оштетувања на пластиката која не може да се репарира, односно оштетувања во самата структура. Сепак разликата беше драстична. Во самиот сет за репарација има инструкции како да се исполираат фаровите. Во тој сет не се опфатени сите овие шмиргли, па затоа ке треба да си ги набавите локално по дуќаниве. На крајот резултатот кој што го добив ги задоволи во целост сите мои очекувања.  ;D Промена 100% . Единствено нешто кое што не го знам е трајноста после полирањето. Со оглед на тоа дека и на други две коли го имам истово ова правено, релативно добро трае сјајот, но мора да се прават тековни одрзувања и користење на соодветна восочна заштита или пак нано заштита. Има многу различни препарати, може да одберете кои ги сакате, јас најчесто довербата им ја давам на геранските, односно Сонакс.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Во принцип тоа се активностите превземени во овие летни после карантински денови  ;D
Останатите работи се во ред па ке видиме како ке се тера понатака. Сега за сега Спаркот се покажа како одлично градско возило.
подобро тебе да ти платев да ми ги средиш задниве кочници, пропатив и со лагери и со кочници годинава два пати од стручен мајстор

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #117 на: 25 Декември 2020, 07:56:21 am »
Хахахаха, само што јас не работам механичар. Тоа што го правам си го правам за своја душа, затоа и така се средуваат работите. Полека и без брзање...
Кога се вади добошот треба да се внимава на многу работи, особено на лагерот, и каде го ставаш одкако ке го извадиш, и како ке го монтираш. Мала прљавштина да навлезе може да биде фатална. Па потоа пред да се монтира, повторно се подмачкува, да си биде по пропис се.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #118 на: 13 Март 2022, 14:48:45 pm »
Малку да ја освежиме темава  ;D
Некако стивнаа работиве, нема акција...Приоритети у животот кои не дозволуваат занимација и слободно време  ;D
Годинава со оглед на временските прилики, дури не ги монтирав ни зимските гуми. Колата се возеше многу малку, пазар, КАМ, Стокомак, дома, се на околу максимум 1 километар, а и немаше лошо време. Така да заштедив на време и килавење со гумите, извади стави дигни смени :D

Дојде време ( временски ) да се смени масло, филтер за масло, филтер за воздух, филтер за кабина.
Делови нарачани од нашиот форумски другар @Prcot .





Филтерот за воздух сум го заборавил да го сликнам, но небитно. Добро на брзање и ова кога сум се сетил дека треба да го сликнам.
Овој пат се одлучив да ставам Тотал моторно масло само заради тоа што е познато потеклото на увозникот и не сакав да експериментирам со други масла. Плус ова беше во моментот единственото што 100% ги задоволуваше фабрички препорачаните параметри.
Маслото заменето на 48800 км.

Покрај стандардните сервисирања кои што се неопходни да се направат, дополнително чепнато и делот со аудио :D Од досада и немање работа, тековното радио LG заменето со Alpina чисто ради кеиф и тоа што има USB приклучок. Останатите работи ги имаше и LG-to и можеби подобро се вклопуваше во целокупниот кокпит со бојата на светење, но другово радио малку да разбие монотонија. А и да се присетам на времињата кога беше хит ставање на скапа аудио опрема, која во денешно време никој не ја применува и прачтично истата, односно класичнава афтер маркет опрема има смешна цена, плус кога се работи за половен, стар аудио систем.
И постапката за вадење на пластиките се претходно објаснети, да не се повторувам, и еве како изгледа кога ке се убаци друг аудио систем кој има еден куп кабли, кои нормално на крајот се средени и дотерани позади радиото.





По демонтирањето на централната конзола и старото радио еве ја ситуацијата со каблите кои претходно ги спомнав :D





И конечно се средено, наместено и дотерано. Бојата на копчињата лево имаат можност да светат и црвено, но за да биде ефектот на новогодишна елка што поизразен, ги оставив во плава боја :D :D :D
Инаку има можност и да се додадат зелени ледови и комплетно да свети во боја на фабричката инструмент табла, но сум на идеја да ги сменам тие да светат во црвена боја, такозвана Ауди и да видам дали ке биде интересно :D
Но тоа штом ке имам време.
Покрај другото оставив и комплет кабли за појачало и вуфер, па кога ке ми биде досадно ке пробам да го избијам стаклото од багашната врата  ;D ;D ;D



Во главном тоа се зафатите сега за сега за и околу возилцето :D
За понатака немам некои сериозни планови, освен можеби магленки, но под услов да најдам OEM ,затоа што не ми се ставаат други ако не лежат како што треба.

 8)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.