Уште од време се мизерна екипа. Да се клуб без пари па да ги разберам. Ама на таа пара да те гази кој стигне...
Работата е што Фергусон не трошеше премногу пари за играчи, а подоцна ги продаваше за милионски суми. Вчера видов една слика, Фергусон за 26 години во Јунајтед, плус претходно што работел во други клубови, вкупно 400 милиони евра потрошил за засилувања, а од друга страна Мурињо веке 1 милијарда ке стигне, Анчелоти исто.
Е сеа таквата работа на Фергусон му се исплатеше, успеваше и на таков начин да ја освојува премиер лигата 13 пати, а во оние сезони кога не ја освојуваа, беа или 2-ри или 3-ти на крај на табелата.
И затоа сега таквата работа на Ферги се одрази негативно, додека он беше све си беше ок, но не сите менаџери имаат иста визија, филозофија и слично.
И да, дефинитивно 3-5-2 е најглупата формација, ја незнам Ван Гал што ја форсира, треба 4-1-2-3 да игра па да види како ке има ефикасност во нападот, а и одбраната нема да биде ко швајцарско сирење.
А за вакви милионски суми за играчи, криви се газдите на некои од клубовите како Реал, Сити, ПСЖ чија што цел е да си ги измерат кој има поголем.