Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169123 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #840 на: 06 Април 2022, 20:40:08 pm »
Романецов има добар канал за овакви работи:


Јас од овој канал ги намерачив првпат.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #841 на: 07 Април 2022, 11:36:32 am »
Eпа клабери, проблемот со повременото сецкање/колебање при забрзување во прва и втора брзина веројатно го дијагностициравме. Не е до горивото, не е ни до MAP сензорот, како што првично претпостави мајсторот мој.
Ја скениравме со VCDS и еве ги грешките од Engine секцијата (други грешки од другите секции нема):

Цитат
2 Faults Found:
4891 - EGR Valve (N18)
          P0403 00 [096] - Malfunction
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear

5286 - Throttle Position Sensor (G69)
          P0121 00 [096] - Implausible Signal
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear
             Freeze Frame:
                    Fault Status: 00000001
                    Fault Priority: 2
                    Fault Frequency: 1
                    Mileage: 206508 km
                    Date: 2022.04.07
                    Time: 22:27:07

                    Engine speed: 547.00 /min
                    Normed load value: 100.0 %
                    Vehicle speed: 0 km/h
                    Coolant temperature: 45 °C
                    Intake air temperature: 4 °C
                    Ambient air pressure: 980 mbar
                    Voltage terminal 30: 13.660 V
                    Unlearning counter according OBD: 7
                    Air mass: actual value (mg/stroke): 482.9 mg/stroke
                    Throttle valve adapter: specified value: 0.00 %
                    Throttle valve adapter: actual value: 0.27 %
                    Throttle valve adapter: offset closed: -11.38 %
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 55
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 8
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 2
                    Throttle valve adapter: status-Bits 0-7: 14
                    Throttle valve adapter: uncond voltage actual value: 924.4 mV

Мајсторот рече дека клапната е за чистење, најверојатно е презатната. Сензоров е прикачен на неа. Еве сличен проблем:

https://forums.tdiclub.com/index.php?threads/throttle-position-sensor-g69.484986/

Откако е во мене колава, тоа не е чепкано, лани кога го променивме EGR-от не е чистена.
А сега кога си го враќам филмов - стварно како да има изгубено малку снага при забрзување (за разлика како беше кога ја купив).
Се договоривме наредната недела да ја оставам ден-два да ја средат/исчистат.

Мислења за грешкава/можното предложено решение имате нешто?  :)
Не знам дали ќе е доволно детално чистење на целата клапна или сензоров ќе треба да се промени...

« Последно менување: 07 Април 2022, 11:47:59 am balanar »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #842 на: 07 Април 2022, 14:17:06 pm »
ЕГР, клапна и усисна грана чистење комплет, ќе лета после колата. Тоа е цената на возење дизел низ град….


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #843 на: 07 Април 2022, 15:11:50 pm »
ЕГР-от е прилично нов, сменет е некаде во декември 2020-та.
Ќе остане да се исчисти клапната, ЕГР "насочувачот" што влегува во усисната грана, како и усисната грана да ја извади и исчисти ако сака мајсторот (се сомневам).

Нешто не ми е јасно, сега гуглав, може некој да ми објасни?



Со црвено e самата клапна.
Со жолто e цевката што оди од ЕГР-от до усисната грана.
Со сино е местото каде што ЕГР-от влегува во усисната грана и има ваков "насочувач" што исто се запушува и треба да се исчисти и тој:

Насочувачот, заедно со цевката (од ЕГР кон усисна грана)


Исчистен "насочувач" (не знам друг назив за ова?)


Имено, насочувачот од ЕГР-от треба да покажува и да е отворен кон усисната грана, а не кон клапната.
Треба да се направи мало заоблување, симетрично на фабричкото за да се постави обратно (правилно) и да стои на место:



Цитат
It has to be rotated. It has been manufactured backwards.
You grind a notch on the opposite side like i mentioned in the video so it will fit facing towards the manifold. You won't then require to keep cleaning it.

Не ми е јасно дали кај мене е направен тој mod од фабрика. Чим се запушува, веројатно не е!

Не знам дали објаснив убаво што ми е дилемата, се што зборев е дискутирано на линковите подолу:

https://www.briskoda.net/forums/topic/468979-v157-egr-nozzle-mod-to-reduce-clagged-valve-official-factory-mod/

« Последно менување: 07 Април 2022, 15:32:08 pm balanar »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #844 на: 08 Април 2022, 09:11:05 am »
Убаво објасни.
Отвори и види како е направено.
Имаш убави туторијали.

Направи го ова, лесно е изводливо.

Иначе многу глупав дизајн од страна на VW.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #845 на: 08 Април 2022, 10:27:34 am »
Ќе настојувам да бидам кај мајсторот кога ќе го вадат тоа делче, баш да видам каде е завртен отворот.
Aко е накај клапната, на основата ќе треба да се истружи мало полукругче (за да влезе во жлебот) и да се стави обратно.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #846 на: 08 Април 2022, 10:49:23 am »
Извади го сам. Утре ќе биди сончево.
:)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #847 на: 08 Април 2022, 10:58:51 am »
Немам алат ништо за оваа работа, да бидам искрен :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #848 на: 08 Април 2022, 11:39:41 am »
Го имаш Carclub.
Ако си СК што имам ќе ти позајмам.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #849 на: 09 Април 2022, 17:48:33 pm »
Го имаш Carclub.
Ако си СК што имам ќе ти позајмам.

Фала име  :-* ама стварно немам време. Од Штип сум јас.
Понеделник, вторник и среда сум до 16:00 на работа, па после веднаш си одам/одиме за Штип (патуваме повеќе луѓе).
Во четврток секако се договорив со мајсторот.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

- За евиденција - денес ставени летните гуми Sava Intensa UHP2 (225/45/17). До сега имаат поминато вкупно 15387km (купени од Пнеуматик на 14.07.2020).
Со зимскиот сет BFGoodrich g-Force Winter 2 (205/55/16) сум поминал 3705km од 15.12.2021.
Минатата зима поминати 3400km со нив, што би дошло вкупно 7105km (купени од @Tischläufer на 15.11.2020).

- Пред некој ден стигна адаптерчево порачано од тука



Bluetooth адаптер со USB од едната страна (за напојување) и со AUX од другата (за звукот).
АПСОЛУТНО го препорачувам за секој што има блиску AUX и USB едно до друго, а нема BT.
Да не претерам, ама вади звук како да сум пуштил од USB стикче (а имам стикче од 128GB, наполнето 90%). Знам што зборам.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #850 на: 10 Април 2022, 22:05:29 pm »
Дечки, мала дигресија за горивата/дизел.

Минатата недела ставив 35.9L од Лукоил и поминав 577km (од кои 480 Штип - Скопје (и низ Скопје) - Штип и другото низ Штип. На крај на борд пишуваше Range: 45km, што значи ептен на резерва.
Просечна потрошувачка на сето ова излегува 6.22L/100km. Очекував малку помалку, ама можеби и очекувано, со оглед на гужвите додека влезам/излезам од Скопје, како и на автопат не ја пазам баш со 110-120km/h.

Вчера ставив 36.5L пак од Макпетрол. Денес колата ми работи далеку посмирено и потивко. Она со сецкањето при забрзување го нема, ама тоа го дијагностициравме дека не е до горивото, ќе се среди.
Ќе видиме колкава ќе е потрошувачката неделава.

Јас сум запрепастен од разликата. Како да возам друга кола со друг мотор.
Претходно ставав на истата Макпетрол со месеци, последните неколку пати колата работеше понемирно (некако се погоди и мал сервис во јануари и малку сумњав на филтрите/маслото) и викам ај да сменам претходната недела од Лукоил заради другиот проблем. И таму беше слично во поглед на полоша смиреност, гласност и рамномерност.

Не знам што прават со горивава. Дали сеуште се прилагодени за поладно (денес е крчан) со адитивите што ги додаваат, дали е до batch-от што го нудат моментално - немам идеја.
« Последно менување: 10 Април 2022, 22:13:40 pm balanar »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #851 на: 11 Април 2022, 00:31:43 am »
A da ne e slucajno sto e izvozena na avtopat nekolku pati Skopje-Stip pa isfrlilo toa garezot pa sega mirno si raboti autoto ?
1 primer- puntoto od nevestava 99.9% niz grad zensko vozenje znaci se vlecka kako baba. Pred 1 mesec bevme so nego do veles i nazad jas go vozev. Na avtopat pod 110-120 ne go simnav ni aditiv ni nisto kolata prodisha. Koga se vrativ vo skopje bese skroz druga kola mirna vo ler,podobar odziv na papuca kako polesno da se dvizese.
2 primer- vektrata dodeka ja imav isti gjaol 99% vozena od mene ama niz skopje. Ja vadam na avtopat do grcka ne ja simnuvam pod 120 ali onaka opusteno. Posle toa e skroz druga kola tivka,smirena podobar odziv na papuca.
Moj sovet ne cepkaj nisto. Fukni samo edno aditivce za dizni pred da trgas za skopje i teraj mislam deka site problemi kje gi snema.
I da mi go pozdravis Kuparce :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #852 на: 11 Април 2022, 00:38:06 am »
Хахах фала, ќе му кажам  :-*

Јас возев до средата за Скопје. Исто работеше (полошо) до вчера, кога се истроши горивото од Лукоил. Сега со ова новово од МП некако ептен е друго, не знам...

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #853 на: 11 Април 2022, 17:52:04 pm »
Јас кога менував затегачот на ланецот пошо морав да го извадам егр кулерот сосе егр видов дека има ептен гареж фатено и планот беше на пролет да го чистам. Пред некое време појави check engine испадна слаб проток на воздух во егр, очекувано.
Симптоми други што имав, на незагреана во прва или втора кога ја држам гаста знае да зголеми или намали брзина сама еднаш максимум два пати и изгуби сила колата. Демек ја однесов на чистење пак појави check engine за 2 дена. Сеа да најдам време да вадам све да видам колку стварно е исчистено. Моабетот беше цел довод да се исчисти а сумљам дека само егр от го зачистиле и назад.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #854 на: 14 Април 2022, 16:21:25 pm »
Денес го избањаа со летниве бандавчиња, го освежив со Areon мирис (гел-конзерва Wish), ги испрскав со Sonax силиконски спреј шарките на вратите и кедерите кај прозорите.



Наредни работи што сакам да ги направам:

- да се исчисти клапната, цевката од ЕГР до усисната, како и насочувачот/nozzle од ЕГР цевката кој се наоѓа на спојката со усисната грана
- ќе му акнам адитивче после тој зафат, го меркам црниот Wynn's Diesel Total Action, го имаат во Аком Премиум
- сакам да ги однесам бандажите за проверка и исправање во Мотоцентар - Ист Гејт. Мислам дека се криви некои, ова ми го посочија и пред 2 години кога ги ставав летните гуми во Пнеуматик. Колата не влече на страна, гумите не дишат, ама некаде на 120 до 130km/h (над тоа се губи) се појавува некоја вибрација на волан (како центрифуга на перална) и ја осеќам долу на одмаралиштето за нозе. Ова долго време го планирам, ќе ја оставам во подрум, ќе се качам нагоре да си купам некоја летна гардероба
- Предниот совозачки прозор цвичи на спуштање-дигање сега кога затопли (правеше вака и лани на топло време), мислам дека треба да се подмачка самиот механизам внатре. Ќе ја однесам да го извадат тапацирот од вратата и да средат, зимово се изгуби тоа цвичење.
- сакам да го средам ова:





Скинатото на горниот дел и на седалниот дел кај и да е, ќе почне да се поткинува, излитено е веќе.

@Vlatce-Vectra - Овој твојов пријател од Шутка ќе успее да го среди ова или јок? Не ми е за парите ако работи брзо, Додо ќе ми ја заглави колата цел ден.
Или сепак ќе мора кај Додо да ја оставам, ќе треба и сунѓерче да се потпуни на страничниот седален дел. @MartinAlfista