Мене агентката така и ми кажа - направи еден документиран план со прецизна локација на кабли (ѕидни и тавански) што ги сакаш и испрати ми го/испечати ми го.
Јас имам цел Excel (еден sheet - една соба) направено со детални позиции:
- двоен штекер на XXcm од ѕидот од кујната кон дневната, на XXcm од подот
- двоен прекинувач за светло (двонасочен) на 20cm лево од влезната врата, 100cm од подот (лев тастер за плафоњерки, десен тастер за XX). Двонасочен прекинувач бидејќи сакам и на другата страна од претсобјето да ставам ист т.е да контролирам исти светла
- висечко светло на XXcm од тој ѕид и XXcm од тој ѕид
и тн.
Само рачуниците ми се направени по димензиите на станот во брошурата, ги има димензиите на секоја просторија во cm, ама ќе треба да премерам и таму кога ќе се изѕида и прегради внатрешно, па да ги прилагодам моите рачуници.