Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 471505 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7209
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Аман бе стрико колку јадите со 2к за да се нема за на кино?  ;D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4289
2к да ги потрошиш а да не се оди по кафани, кафиња итн нема шанси :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Не знам дали имате деца, мислам спомнав некој пост погоре, одење по родендени речиси секој викенд, кај другарче од школо, еве сеа почнаа во градинка (мада глупост ми е ова со градинките ама ајде), чокладо да земеш е 300-400 денари. Значи 500че од дете. Еден викенд тоа ти е 1000че само за роденден.

3-4 родендени месецов, отидоа 4000 денари.

Поголемиот еве оди на Кликер тоа е 2500 денари месечно, плус 1500 денари карате, помалиот и тој на карате 1500. Плус англиски за големиот 1500.

Значи за вакви работи 10-12 000 месечно одат, ќе ставиме ете 180 евра.

Кредит што вика Филип 300-400 евра е минимум.

Сметки околу 200 евра.

Значи без храна и транспорт тебе ти летаат 700-800 евра.

Храната безобразно скапа ја направија и еве за четиричлено семејство 1000 евра не те расправаат, збораме за нормално храна. Едно одење во маркет под 1000-ка не си за основни потребштини. Зборувам за Стокомак, КАМ, таквите маркети, не дај Боже Тинекс да влезеш или Веро.

Кај е гориво? Кај е регистрација?

Сакаш да одиш на одмор, треба гуми да смениш на колата, годишен сервис, голем сервис... се расипало нешто по дома, мајстор треба да викнеш за нешто ...

И ми кажувате 2К ви требало за кафани ако одите.

Ако ако на ова треба плус кредит да го средите станот? Сте ги виделе цените за една кујна да направиш? Спална? Да купиш гарнитура?...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2750
  • Шалабајзер

Во Скопје или Штип зема станче?

Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Јас само ќе кажам дека огромна грешка правиш што не си купуваш паркинг место. Ем ќе имаш твое место и ќе бидеш раат и колата на покриено, ем долгорочно станот повеќе ќе вреди токму поради паркинг местото. Ем, понатаму, ќе можеш и струјна инсталација да си поставиш за плаг-ин хибрид. :) Ако си во можност, купи си паркинг.

Еден куп луѓе во Скопјево така се заебаа со „не ми треба паркинг, имам околу“, па сега кружат по пола саат околу зграда после работа пробувајќи да најдат каде да ја остават колата.

Купи си паркинг-место, најсериозно.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Баланар со лесно да оди работата до финализација.

Инаку не знам за која локација мислиш, ако е во Скопје (по цена на паркинг местото најверојатно е), топла препорака подземен паркинг да си земеш, вреди за сите пари. Мене ми е криво што на времето не земав 2.
Своерачен потпис ;)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Јас само ќе кажам дека огромна грешка правиш што не си купуваш паркинг место. Ем ќе имаш твое место и ќе бидеш раат и колата на покриено, ем долгорочно станот повеќе ќе вреди токму поради паркинг местото. Ем, понатаму, ќе можеш и струјна инсталација да си поставиш за плаг-ин хибрид. :) Ако си во можност, купи си паркинг.

Еден куп луѓе во Скопјево така се заебаа со „не ми треба паркинг, имам околу“, па сега кружат по пола саат околу зграда после работа пробувајќи да најдат каде да ја остават колата.

Купи си паркинг-место, најсериозно.

Само што ќе го пишев истото. Сега кај што живеам моментално има гаража станот ама исто ко да нема зошто е претесна и не ми е пристапна, и сега плаќам 4000 денари месечно за да изнајмам гаражно место во друга зграда за да имам кај да ја ставам М2ката зошто пред зграда нит сакам да ми стои нит па имам некаква гаранција дека ќе има место (најчесто нема, а имаме наш паркинг од зградата).

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Аман бе стрико колку јадите со 2к за да се нема за на кино?  ;D
Да се отиде во кафана, на сите трошоци и поскапувања, не е некој луксуз, ама не е една работа.

Грубо вака: 3500 тв пакет со нет, 2000 греење, 2500 струја, кликер/роботика 2800, кошарка 1000, кредит 20.000 денари, гориво 4000 денари, градинка 2000 ден, аптека (пелени, кремчиња, влажни и сл) околу 5.000 ден, плус поситните режимски трошоци околу 2-3.000 денари, ти доаѓаат фиксни трошоци околу 45.000 денари.

Додади храна (убедливо највисока ставка е мислам), хемија, козметика, облека.....

Не знам дали е до нас, ние не знаеме со финансии или друго е работа
Своерачен потпис ;)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Мене во претходниот стан ми седеше надвор колата и океј бев со тоа се додека не купив гаража со новиот стан. Немаш појма колку значи посебно во зима.

А тоа дека ќе го опремиш станот со 9000 евра малце тешко, скоро невозможно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3411
  • Хюндай Тюсон
Преговарај за цената за гаражата. 9000 евра во штип е нереална цена за гаража.  И гледај да ја стават на истиот договор при примопредавање инаку ке плаќаш данок. Така мене едната ми ја ставија со станот другите не и после ме ропна град скопје уште неколку илјади евра за данок на промет. На онаа пишана со станот немаше данок.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Преговарај за цената за гаражата. 9000 евра во штип е нереална цена за гаража.  И гледај да ја стават на истиот договор при примопредавање инаку ке плаќаш данок. Така мене едната ми ја ставија со станот другите не и после ме ропна град скопје уште неколку илјади евра за данок на промет. На онаа пишана со станот немаше данок.

Мене ми беа 2те гаражни места на истиот договор и Град Скопје па ми ја оданочи втората, поголемата секако. :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Вреди гаража посебно подземна ако е. Пробај да се исценкаш.
Иако сега можеби има место во иднина не знаеш шо комшии ќе имаш. Има луѓе со по две-три коли во фамилија, има и службени што ги користат и паркираат дома. Башка гости кога ќе доаѓаат. Па и маркет некој поголем ако има во близина....
Јас каде што купив стан немаше опција да купам паркинг место. 11 згради се во околината од кој само 3 имаат подземни гаражи и една паркинг со рампа. Сите другите кај ќе се снајдиме паркираме.
Кога живеев со моите кола вгаража стално чував. Иако можев пред дворот да ја паркирам.  Лето си влегваш ладно е палиш клима и си возиш нормално, не ти е печена колата.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7788
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Земи си гаража, ти зборам како паталец. Живеев во зграда каде што немав гаража, а се пренаселија потоа. Имам другар што исто како тебе, мислеше дека има доволно простор околу зграда. Се направија кафетерии, игротеки наоколу и сега сите му паркираат тука, по 20 минути кружи после работа кога се враќа дома да си најде паркинг. Камиони и автомобили кои се на продажба му паркираат пред зграда. Нема начин како да се отарасат од ова.

Ти гарантирам дека ке се каеш.