Еве уште искуство ќе ви кажам!!!
Пред 3 години купив 4 нови ханкук летни гуми за леонот со попуст вкупно 15.500 ден.
Гумите се феноменални во споредба со фабричките мишелинки енерџи сејвер.
Е сега предлани значи 2014 зимата ја извозив со тие гуми оти немаше снег, патиштата низ скопјево суви беа а минималната температура тогаш падна на - 14 колку што памтам плус тоа на другата кола имам зимски гуми и затоа викав ај дупло трошкови да не праам( ако има некое големо невреме од снег ја имам другата кола-нејсе).
Нај карактеристичното е тоа што ова гума (ханкук-от) има иста тракција без разлика на температурата-најчудно е тоа што на -14 температура им требаше за само 2-3 км за да се загреат и после тоа се "лепеа" за асфалтот.
Овие гуми веќе 3-та година ги возам и до ден денес се исти како што сум ги купил во смисла на сигурноста по свиоци, добра тракција, тивки и без забелешка на покачувањето на потрошњата во споредба со мишелинките.
Моја констатација е дека кога производителот стигнал да произведува ваква квалитетна летна гума а јас сум ги повозил во зимно време на температура под 0 степени (поради погоренапишани причини), тогаш сигурен сум дека овие ал сизн гуми за градска вожња во вакви зимски услови како во нашето скопје се нај нај погодни.
Затоа барам ал сизн....
