ај малку едукација од мене:
Голема заблуда е да мислите дека зимските гуми се потребни само на снег и мраз. Во прилог на ова говори и фактот дека во зимскиот период бројот на сообраќајните незгоди е шест пати поголем отколу во лето.
За вашата и безбедноста на вашето семејство, автомобилот и останатите учесници во сообраќајот, треба да имате зимски гуми. Голема заблуда е дека тие се потребни само во услови на снег и мраз. Повеќето гуми ги губат своите првобитни перформанси на температура од 7 степени Целзиусови, додека зимските гуми ја задржуваат флексибилноста при ниски температури.
Топлината која настанува при триењето на гумите и подлогата ги топи кристалите на мразот и создава тенок слој вода под гумите. Ситните пори кои се наоѓаат на површината на гумите ја оттргнуваат водата, со што се обезбедува стабилност на возилото на влажните улици.
При брзина од 50 км/ч со летни гуми на мраз, должината на кочење е 68 метри, а со зимски гуми 57 метри, што е голема разлика која овозможува да избегнете несреќа.
Воедно, се препорачува ставање на зимски гуми на сите четири тркала, бидејќи во спротивно може да дојде до пролизгување на возилото во кривини.