Автор Тема: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)  (Прочитано 3961 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4958
  • The Spartan General
Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« на: 04 Март 2018, 11:08:06 am »
Последните неколку викенди сум во потрага по ново возило за мене. Бидејќи со јавен транспорт (автобус/воз) кола не се гледа, повеќе малтретирање е, и еднаш ми избега една понуда пред една/две недели изнајмив кола. Сакав Фиеста, но ми го дадоа тенџерето во насловот. Киа Пиканто 1.0 атмо мотор со МПИ, 49кв/67кс и 96Нм вртежен момент на 3500 вртежи.  Од опрема имаше Старт-Стоп систем за екологија, греење на седишта, греење на волан, алуминиумски бандажи со четири сезонски гуми, затемнети прозори позади, автоматски светла. Колата беше релативно нова со поминато 16 000 километри.

Еве го...





Внатрешноста беше ОК. Многу тврди пластики насекаде и многу едонставен дизајн. Сосема очекувано за кола од таа класа. Седиштата беа просечни, и недостатокот на централен потпирач за рака ја правеше многу понеудобна отколу што беше самата киа. Добра работа беше што воланот е телескопски и се местеше по височина и длабочина кое многу помага за наоѓање на идеалната возачка позиција. Не дека беше идеална, ама ајде, задоволителна за тој тип на возило. Воланот, обложен со кожа, беше многу пријатен на допир и во комбинација со греењето беше полн погодок за минусните температури. Ме бендиса чувството на држење, и самите команди позади за жмигавци/бришачи беа доста удобни. Е сега, беше прелесен и немаше никакво чувство каде ти се насочени предните гуми, или до каде му е крајот... Ама пак, градско возилце е... Треба да има лесен волан и да се пика во сите возможни паркинг места набрзинка...  Се на се внатрешноста не крцкаше, ама мислам дека со тек на време ќе покаже на некои места. Но, не заостанува зад минијатурните од другите производители (без разлика дали се премиум или не).

Мотор и суспензија:

Суспензијата е тврда. Не држи во кривини, но не ни треба да држи во кривини. На рамно секогаш се осеќа немирност и вибрации. На нерамно и дупки/нерамнини има тенденција да оди во насока на кршење камења во бубрези. Не е ептен тврдо, како од постарите ауди/сеат ибица. 

За разлика од полото, тука немам измешани чувства. Моторот е супер за во град. Моторот е срање за сите други дестинации. Затоа и е рент-а-тенџере. Кога работи во место е тивок, откако загрее. Три-цилиндраш. Рика како косачка. Мртов е во целиот опсег на вртежи. Низ град си го рикаш за да се движи нормално. Си круза низ град во 5 на 50 и можеш слободно да го стискаш да забрза. Не дека ќе забрза, ама оти е атмосферец одзивот е инстантен и нема турбо дупка. Многу повеќе ми се допаѓа тој одзив на гас, отколку кај забрефтан турбо-бензин во турбо дупка. Иако објективно ништо не се случува(нема ни брзина, ни забрзување). Звучната изолација е минус, па си го осеќаш рикањето кога забрзуваш во град, и надвор од него. Поради кратките брзини како пуни обртомер... Не забрзува, ама многу сака вртежи...Да не беше три цилиндри и да имаше рикање на 4 цилиндарец ќе правеше ќеф звукот. Вака е само расклокотен... Пета брзина е кратка... За нормално возење (110-120) веќе е околу 3600-3800 вртежи.

Рутите ми беа многу малце градско, и многу автопат. Вкупно се дружевме два дена и 650 километри, од кои 630 беа на автопат. Пикантото воопшто не се снаоѓа на автопат. Гумите брмчат, моторот рика, ветерот шушти, некој кога те престига со 180+ ветерот го носи... Значи целосен промашај. Но од друга страна, местото не му е на автопат, туку во град. Јас очекував да ми дадат фиеста, но таква ми била среќата. Темпото на автопат ми беше 100-120 кмч, затоа што повеќе и не може пикантото. Крајната брзина му е околу 163-4 по тахо, реалната околу 155-160. Повеќе не оди. После патувањата, ѕунењето во главата од моторот, ветерот ми остануваше и се чувствуваш изморено. Најлошиот аспект е доубрзување, особено ако треба да престигаш колони со шлепери. Мораш да темпираш момент, да нема никој во средна лента, да е многу оддалечен, да зголемиш растојание меѓу тебе и шлеперот, натепуваш гас, и после три секунди даваш лев жмигавец и излегуваш да престигаш. Поинаку едноставно не може. Еднаш два пати да го правиш е ОК, 600 километри да го правиш, воопшто не е ОК.

Најинтересниот дел: Потрошувачка. Многу, за таков мотор. 


Компјутерот лаже. По пумпа/резервоар потрошувачката беше околу 7.3 литри бензин на 100км. Чисто за споредба, мерцедесот ми троши толку на германските автопатишта со брзини 130-170кмч. Целосно неприфатливо. Во град сигурно троши околу 6. Можеби прифатливо.

Накратко:
Одлично за низ град. Жив пргав мотор без никаков ууумпф, ама обожава вртежи и менување на брзини... Те тера да се осеќаш заангажирано, но лабавиот и непрецизен менувач некогаш знае и да нервира. Дали би го купил за низ град. Да, ама или со 1.2 или со 1.0 турбо. Овој мотор е премал и многу жеден. Ама пре би купил фиеста него овај.
Не се препорачува за автопат. Таму не му е местото, и само може да направи беља. За на отворени локални патчиња, можеби е ОК. Ама искрено, се сомневам.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29244
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« Одговори #1 на: 04 Март 2018, 11:14:04 am »
Од искуство со минатото Пиканто, апсолутно се согласувам со сè што си напишал. Ептен е градско количе и не е за излегување на отворено. Напорно е дури. Ама за низ град е одлично - мало, прегледно, маневрабилно и практично. Не знам како е ценовно, али јас во оваа класа би одбрал Ап или нешто слично, можеби Hyundai i10.

Многу ми е чудно што има толку голема разлика во потрошувачка по борд/пумпа.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6099
  • 69
Одг: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« Одговори #2 на: 04 Март 2018, 20:53:42 pm »
Многу е убаво на фаца, ептен ми прави кеиф. Да сум студент, дефинитивно би било одлично за до факс и назад :) Или за некој пензионер со бабата што оди до зелен пазар да купи намирници :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6369
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« Одговори #3 на: 04 Март 2018, 20:56:57 pm »
За разлика од опелот што го тестираше Злате, овде греачите на воланот не се познаваат. Кога ќе правите следен тест пишете дали има простор за дупење внатре, на некои колата за швалерација им служи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4958
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« Одговори #4 на: 04 Март 2018, 20:59:56 pm »
Многу ми е чудно што има толку голема разлика во потрошувачка по борд/пумпа.

На првото полнење си помислив ај некој не го вратил полно, и добил бакшиш 50 километри од мене (додека видливо да се познава на стрелка дека резервоарот не е полн). Ама на второто полнење (оти има резервоар од 35 литри) и тоа на истата бензинска/истата пумпа немаше како да не забележам дека потрошувачката е таа.

Многу е убаво на фаца, ептен ми прави кеиф. Да сум студент, дефинитивно би било одлично за до факс и назад :) Или за некој пензионер со бабата што оди до зелен пазар да купи намирници :)

Како возилце за низ град е многу кул и баш како такво се доживува. Играчка.

За разлика од опелот што го тестираше Злате, овде греачите на воланот не се познаваат. Кога ќе правите следен тест пишете дали има простор за дупење внатре, на некои колата за швалерација им служи.

Воланот најмногу се загреваше на лева и десна страна девет и три(а не преку целиот волан). Дефинитивно не можеш да клецаш во неа. Висински е ОК, должината е проблем.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Rent-a-test: Kia Picanto 1.0 MT (Рент-а-тенџере)
« Одговори #5 на: 05 Март 2018, 00:40:51 am »
Не го слушајте Лукашин, он од инает така збори пошто може да клеца само у приколица на шлепер.
Brains are awesome. I wish everybody had one.