Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 47185 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #285 на: 11 Јануари 2024, 22:01:08 pm »
Малку чудно таа работа со кабли менување на 60.000 или 9 години. Попрво би рекол дека е некоја мангупарија од сервис па после кажуваат гачки.

Мое искуство со кабли: Југото речиси 200.000 со силиконски на Лукас (некои као спортски?), Типото го продадов со истите со кои го зедов, Меганот не ни имаше кабли ;D i10kata еве 12 години и нешто над 60.000 као да нема кабли :) а симката на татко ми дали 2-3 пара се сменети за 46 години и не помалку од 300.000км

Инаку, еден комшија купи лани за жена му, на почеток моторчето не се слушаше, по некој месец почна да се слуша некој вентил и така сеуште се вози (најверојатно некој стручњак штелувал)

Да се поправам, со Југото се заебавав првата година со глупи кабли се додека не ги купив Лукасовите, така да 150.000 км за 7 години би било пообјективна бројка.
« Последно менување: 11 Јануари 2024, 22:14:44 pm Mikius »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1320
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #286 на: 13 Јануари 2024, 12:53:11 pm »
еве кај мене фабричките на 90000 и 15 години веќе правеа озбилен проблем среќа шо ги сменив, на 150.000 здравје пак ќе ги сменам ништо не ме кошта, сеа поима неам какви стаив тогаш може и подобри ќе најдам, плус нешто може порано се зезнале шо еден мајстор ми имаше стаено нгк свеќици за една буква различна ознаката шо одговараат за цивик и лансер, а читав по форумот опелџии и мењале бобини ради нгк.
« Последно менување: 13 Јануари 2024, 13:05:21 pm Ѓорѓи »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1320
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #287 на: 16 Февруари 2024, 01:27:29 am »
109.770 направен мал сервис веќе не знам кој по ред, само наместо у мај/јуни се падна сеа поради рекордно брзото поминување 10.000км ;D



Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1320
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #288 на: 27 Април 2024, 16:04:15 pm »
112.250 ги вратив летните гуми со бандажи, со зимскиве гуми оваа сезона извозени 5233 километри, вкупно 25.457. Процедурата кошташе 0 денари и траеше помалце од саат време, некогаш само толку сум чекал кај вулканизер.