Село гори баба се чешла.
Вистински ден за започнување шарада наречена кампања за избор на прецедател. Можеби и намерно одбран, чисто заради забава, ај ќе ги дупиме, до крај, да видиме колку можат да издржат.
Изгоре селово дури да се дочешла бабата, ќе нема што да палиме на лето во јули, август кога ептен ќе пукнат жештините.
Никого кур не го заболе за тоа што насекаде гори. Гледам на тв, кавадаречко одма после пожарот што одвај го изгаснаа, чиче гори суви искастрени ластари од лозници (или како и да се викаат), притоа се гледа како цел ендек е опожарен, на прашањето зошто не се плаши од предизвикување на пожар спокојно одговара:
- Нема гајле, нема што да изгори друго, нема да префрли од ендекот натаму...
Возам низ Росоман и покрај пат истата слика, си палат, мува не ги лази. Надлежни да пишат казниче ни за лек. Не смее да се ремети изборната кампања, ќе се изгубат драгоцени гласови, а тоа е најбитно.
Стварно стана неподносливо да се живее овде. Не од гледна точка на сиромаштија, скромен сум, можам и со малку да преживеам. Од гледна точка на просто, затуцано секојдневие. Грдо, никакво, небезбедно, некултурно, сељачко.
Додека некои дивеаат, уништуваат... внимавам претерано, в коски се влеа пустото, внимавај на ова, внимавај на она, стегнат, постојано... опуштање никако, ми е страв да не напраам било каква грешка, па јас да платам и за нивното дивеење, пошто некој мора да го јади, нели, заради пропорционалност, исполнување на квоти и слични пичкеси материни.
- Ако не ти чини, замини си?!
- Зошто да си заминам бе? Зошто? Па убаа ми е земјата, само се накотија многу неранимајковци („Луѓе кои испогануваат се што ќе допрат“ како таа погоре што има спомнато, која и да е), лошо задоени, само за нив си мислат. Тие не ми чинат. Убаа ми е земјата, не ми се менва, тие неранимајковците се за смена, ама и за џабе дај ги, никој не ги зема
