Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87138 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #375 на: 04 Април 2023, 12:18:30 pm »
Некни кога менував гуми задните дискови забележав беа скроз отидени во очајна состојба и по краевите има доста корозија фатено. За чудо па плочките не се скроз отидени али време е комплет све да се смени после 7 години.

Денес нарачав АТЕ задни дискови и плочки све комплет 132 еур. Викендов веројатно ќе се монтираат.



Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #376 на: 04 Април 2023, 15:57:08 pm »
Добар избор, но си можел за некое € фазла да купиш од серијата PowerDisc, верувај има разлика.
Едит:На аутодок еден диск е 34.47€
PowerDisc серија е 41.96€

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #377 на: 11 Април 2023, 08:30:01 am »
Викендов на 136800 за прв пат сменети задни дискови и плочки а со помош на vdsc сето тоа помина многу лесно зошто треба да се ресетира електричната рачна. Дисковите поради 7 години старост веќе беа готови  зошто солта си го прави своето додека надворешните плочки имаше останато месо а внатрешните исто така беа готови. Сега веќе се изгубија вибрациите што ги имаше кога маааалце ќе стиснев на кочница при поголеми брзини.

Све истругав како шо треба ставив бакарна маст и нема гајле









Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #378 на: 11 Април 2023, 12:07:48 pm »
Имаат плочките уште возење.  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #379 на: 10 Мај 2023, 08:37:52 am »
Една случка од официјален сервис.

Се стопли времето и повторно истите проблеми како лани со климата. Како што спомнав климата не работеше и рекоа дека гумиците кај кондензаторот биле оштетени и ги сменија со нови. Арно ама оваа година истиот проблем си дува млако особено кај совозачката врата. Закажано во официјалниот сервис каде што ми ја поправаа климата лани.

После саат ипол дремење ми вика колата е готова. Поторно ги смениле гумиците но кондензаторот кај што се спојува со цевките е оштетен внатре, ми покажа момакот и слики има како мини црни дупки и од таму протекува фреон со тек на времето. Овој пат со машинка кај што е спојот го истругале внатрешно да е колку што можно рамномерно, ставиле некаква паста да се спречи истекување на фреон и повторно нови гумици.

Сега климата на Ауто ставена на 21.5 си работи тивко и камен ладно како што треба.


Не платив ништо јер 2 години гаранција за сработеното. Препорака е ако наредна година повторно се појави истиот проблем да се смени кондензаторот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #380 на: 17 Јуни 2023, 12:46:41 pm »
Поминаа 7 години и денес на 141184 направен технички преглед без проблеми. Последнава година сум поминал скоро 20.000км.

За овие 7 години неможам да се пожалам освен редовни сервиси, една промена на задни плочки и дискови и дефект со климата кој што сега е саниран друго немам замерки. Подвозјето е стегнато све е тип топ.

Уште ми прави мерак, одлично, комфорно и тивко возило. Уште да беше 2.0 тси со адаптивна суспензија топ ќе беше  :D Сакам наредно да биде рав4 хибрид или ауди а6/а4 караван а може и седан од 2020-2021 али да видиме не се брзам.

Иначе, пред некој ден една будала позади мене на раксрница ме бапна, направивме записник на 3 јули носам да ми го исфарбаат браникот. И така беше изгребан од вадење ставање багаж ова му дојде како кец на десетка  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #381 на: 21 Јуни 2023, 09:54:03 am »
Со големи букви, ново си е ново :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #382 на: 21 Јуни 2023, 14:51:33 pm »
Ново во денешно време е бесмислено. Или со 900цц мотор и  раткапна...поарно со бус ќе се возам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #383 на: 21 Јуни 2023, 16:32:46 pm »
Ново во денешно време е бесмислено. Или со 900цц мотор и  раткапна...поарно со бус ќе се возам.
Не вели така, 900цц е топ за на моторцикл.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #384 на: 03 Септември 2023, 18:22:40 pm »
Летото пројде и беше време да се вратиме дома. Рига-Скопје-Охрид-Скопје-Рига. 4600км е директно патот напред назад и плус уште 1000км по Македонијава. Некое сликиче колку да не биде без ич. Сега сум на 150.000км треба сервис да се прави уље и филтри.




download image from a link

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #385 на: 03 Септември 2023, 22:29:43 pm »
Сеа ќе имаш директен лет Скопје Рига нема толку km да набиваш 😄

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #386 на: 04 Септември 2023, 07:42:06 am »
Остај, кога прочитав првото шо си реков е со кола никогаш повеќе :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #387 на: 04 Септември 2023, 08:08:47 am »
Остај, кога прочитав првото шо си реков е со кола никогаш повеќе :)

I jas taka sekogas vikam, ama a pominat tri-cetiri meseci pak mi se vozi tolkava golema tura za setanje so mn pauzi.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #388 на: 20 Септември 2023, 18:16:15 pm »
Пред некој ден ми светна check brake pad  ;D Денес на 150.700 сменето комплет предни дискови и плочки. Земав АТЕ исто како и задните шо ги сменив пред некој месец.

За волја на вистината беа отидени внатрешните плочки кај што е и самиот сензор за потрошеност, додека плочките на надворешна страна надворешните имаа 15-20%. Во секој случај време беше и дисковите веќе беа никакви, 150.000км е повеќе од доволно, си го заслужија одморот.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #389 на: 21 Септември 2023, 09:05:58 am »
Да ти кочат убаво и без квичење :)
Него, зашто е ваква бојата на дискот? Некоја заштита е па ќе падне или такви ги прават сега?