Автор Тема: увоз на половна Импреза од Швајцарија  (Прочитано 7100 пати)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
увоз на половна Импреза од Швајцарија
« на: 22 Ноември 2016, 12:53:39 pm »
Момци,

Мислам дека сонот ќе се оствари, но ај викам да превземам нешто у врска со тоа..
не е 2.5 боксер бензин туку е 2.0 дизел што не е пак лошо. со оглед на тоа што се може да праи Subaru awd систем.

Сакам да си увезам Subaru Impreza АWD 2.0 Дизел 150hp од 2010 та од Швајцарија.
знам дека ако ја возам од таму би ме чинело околу 500 евра. Знаете некој тип што носи со камион и некоја цена?
исто така не успеав да добијам цена за царинење. Се јавив по шпедиции ми рекоа ке ми јават со цена и еве ги нема никој.. Ако имате некој другар некаде кажете..



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2016, 12:55:34 pm »
Фантастичен избор, со среќа во понатамошниот период.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #2 на: 22 Ноември 2016, 14:52:17 pm »
Оди до Шпедиција лично и побарај колку ќе бидат сите давачки. Очекувај околу (онака рандом трескам сега) 1000-1500 евра да те фати се.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2016, 15:02:08 pm »
Оди до Шпедиција лично и побарај колку ќе бидат сите давачки. Очекувај околу (онака рандом трескам сега) 1000-1500 евра да те фати се.


За возило од 2010 година малку поче пријателе.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2016, 17:27:08 pm »
За ц2-ката пред 2 години, давачки ме фатија околу 700 евра. За Мерива-та, рамно 1000че. За ова, ќе да е троа повеќе...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2016, 17:59:26 pm »
Mea culpa, башка заборавив на фактот што е не-европско возило за кое плаќаш додатен данок!

Така што 2000-ки не бегаат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2016, 18:12:52 pm »
Импрезата нема да има ЕУР1, значи ќе треба да плати 5%, наместо 1% царина.  На вредност на кола од 9.000 евра, тоа се 360 евра разлика.

Друго, транспорт со обичен камион нема да биде под 800 евра гарант. Оние за коли специјализирани треба да се нешто поефтини, ама под 500 евра неверувам да е во никој случај.

Грубо рачунај дека ако таму ја платиш 9.000, на наши таблички би требало да ти искочи околу 12.000. Зависи и како ќе ја проценат, со која опрема и слично... ќе фрлиш некој денар на цариникот, да ја пише основна верзија. ;D :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2016, 21:00:26 pm »
Гледај да нема лепенки од типот на Wrx Sti и сл. Ќе ти швркнат царина за таква.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2016, 21:01:15 pm »
Доста тресете глупости.

Sent from my Huawei P9


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #9 на: 22 Ноември 2016, 21:45:26 pm »
Има една кола од форумов на која будаливе наши ја пишаа најскапата опрема оти имаше таква лепенка. Дечкото на увоз го изгореа.


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #10 на: 22 Ноември 2016, 22:02:38 pm »
Мене специјално ме прашаа дали има лепенки/натписи по колата за ниво на опрема.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #11 на: 22 Ноември 2016, 22:10:37 pm »
Не знам дали ве прашаа или не :) не сум увезувал јас. Дечкото што ја увезуваше ми го кажа муабетов.

Со оглед на фактот во каква луда  држава живееме не ме чуди ништо.

Сакате верувајте сакате не :) што да ви речам.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #12 на: 22 Ноември 2016, 22:21:52 pm »
....

Јас сум мртов озбилен дека ме праша цариникот дали има лепенки и ознаки за кое ниво на опрема е мечето и се вртеше како куче околу него да најде и да види дали е така.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #13 на: 22 Ноември 2016, 22:50:09 pm »
C63 AMG

Пола голфови дизели кај нас значи се царинети како GTI, и BMW-иња како M-power. ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: увоз на половна Импреза од Швајцарија
« Одговори #14 на: 23 Ноември 2016, 02:10:22 am »
Кај нас се прави тоа "тјунирање" :)